Управниот одбор на ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА , донесе одлука за прекинување на работниот однос на 54 работници со цел овие работници да се вработат на неопределено време во претпријатието.
Оваа одлука е резултат на постоечките промени во политичката клима и инаетот на советниците од Град Скопје кои го извисија Управниот Одбор и не гласаат во интерес на овие работници да го задржат своето работно место.
Во време кога ЈП ВОДОДВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА е со дефицит на вработени, “Градските советници” треба да ја поддржат иницијативата на УО за вработување на овие работници на неопределно време а не преку Агенции за привремени вработувања.
Со оваа одлука се наштетува на претпријатието но и на граѓаните кој се корисници на услугите на ова јавно претпријатие.
Левица како партија на народот е се залага за укинување на договорите на определно време и вработување преку агенциите за привремени вработувања. – Се вели во соопштението на трудовиот сектор при политичката партија Левица