Членови на Комунистичката партија на Грција (ККЕ) поставија блокада на железничка пруга во градот Александрополис пред воз кој превезува тенкови на НАТО, со дестинација до Бугарија.
За време на протестната акција, која се одржа оваа сабота, демонстрантите застанале пред возот со транспаренти и знамиња, принудувајќи го да застане. Демонстрантите за време на блокадата скандираа: „Александрополис е пристаниште на народот, а не база на империјалистите“.
Според локалните медиуми, операцијата била успешна, бидејќи тие биле принудени да се вратат назад.
„Го осудуваме користењето на пристаништето, железничката мрежа и полињата во регионот од луѓето на НАТО, од градските касапи, кои деновиве со возови и стотици камиони превезуваат опасен воен материјал до границата со Бугарија“, изјави членот на ККЕ, Ставрос Базас.
Базас, исто така, ја критикуваше грчката влада за доставување на системи за оружје корисни за одбрана на Украина.