ЛЕНИН: Раѓањето на масовна партија во текот на револуцијата од 1905 година (2)

Во првите години на XX век Ленин се залага за демократска и централизирана револуционерна партија, составена од посветени активистки и активисти, способни да го внесат духот на социјалистичката политика во работничките борби. Тука Лениновите болшевици се оделија од меншевиците, кои сакаа условите за членување во партијата да ги постават на многу поширока основа. Ленин успеа да изгради релативно стабилна underground т.е. илегална организација на болшевички комитети низ Русија.

Првиот тест за болшевиците е 1905 година – година на масовни штрајкови и револуции. Барањата за демократија па дури и за царскиот престол манифестирани со огромните штрајкови ја дестабилизираа Русија. Раборничката класа во најважниот руски град, Петроград (Санкт Петербург), формирала совјет, односно работнички совет. Совјетот претставувал институција заснована на непосредно избрани и исто така непосредно отповикливи делегати на сите работни места. Бил далеку порепрезентативен и подемократски во однос на било кој парламент.

Во тој период, луѓето под влијание на настаните драстично ги менувале своите сфаќања. За претседател на петроградскиот совјет, во оваа екстремно антисемитска земја, бил избран еден млад Евреин, Лав Троцки. Како и да е, раководителите на болшевичките комитети биле мошне резервирани кон ваквиот потег. Тие самите станаа болшевици во време додека економистичките работнички штрајкови сеуште воглавно беа аполитични и сеуште се чинеше дека револуцијата е далеку на хоризонтот.

Новото движење не се вклопуваше во однапред осмислениот план на болшевиците – работниците да развиваат револуционерни идеи, а самиот совет да комбинира економски и политички барања. Комитетот на болшевиците во Петроград му испратил ултиматум на советот – “прифатете ја социјалистичката политика или веднаш распуштете се”- Биле изигнорирани.

Ленин, којшто тогаш се наоѓал во егзил, се разбеснил. Тој увидел дека се случуваат огромни промени: “Работничката класа научи значајна лекција од граѓанската војна: револуционерното образование на пролетеријатот напредуваше повеќе за еден ден одошто во месеци и години на еднолично, тормозечко, бедно суштествување”.

Болшевиците мораа да фатат приклучок со работничката класа, која во период на масовни штрајкови, “инстинктивно, спонтано” се приближуваше кон партија.

Заобиоколувајќи го водството на комитетите, Ленин се обратил на болшевичката база за која осетил дека е во подобар допир со ова ново расположение. Сфатил дека болшевиците или ќе фатат чекор со движењето, или ќе станат целосно безначајна појава. Во тој момент, Ленин се заложил за вклучување на голем број на работнички и работници во комитетите и масовна регрутација на активисти.

“Се што треба да направиме е мошне поширока и посмела регрутација на младите… без да им се плашиме”, напишал во писмото за Богданов и Гусев.

“Младината – студентите, и уште повеќе пладите работници – одлучуваат за судбината на целата борба. Мораме да, без губење на ни малку време, ги обединиме сите кои покажуваат револуционерна иницијатива и да ги ставиме во погон.”

Иако на почетокот се соочил со голем отпор, успеал да ги преориентира болшевиците.

За жал, револуцијата од 1905 г. доживеала пораз. Меѓутоа, цврстото членство, дисциплинираната структура и акционото единство воспоставено на принципот на внатрепартиски дискусии, им обезбеди на болшевиците опстанок и покрај поразот на револуцијата.

Победата на царот резултирала со илјадници уапсени револуционери и унштување на голем број од нивните мрежи. Промената на објективната состојба ги принудила болшевиците за промена на тактиката.

На врвот од револуцијата, царот понудил одржување на избори за Думата (односно за парламентот). Револуционерите овој повик го бојкотирале, бидејќи условите на царот биле недемократски и се чинело дека неговата државна машинерија наскоро ќе биде избришана од лицето на земјата.

Сега, меѓутоа, движењето беше разбиено и мораше да се приграби секоја шанса за популаризација на социјалистичката политика на моралот.

На заедничката конференција на болшевиците и меншевиците од 1907 година, Ленин бил единствениот болшевик којшто се залагал за учество на изборите. Многу од водечките болшевици се уште се држеле до идејата дека револуцијата е на дофат и дека учеството на изборите е непотребно. Сепак, Ленин успеал да ги придобие болшевиците на своја страна.

Самодовербата на работничката класа почнала да се враќа по поразот од 1905 година, а болшевиците се нафрлиле со интервенирање во “се она што давало знаци на живот во пролетеријатот”.

Во 1912 година го создадоа весникот Правда, преку кој понатаму би интервенирале во движењето. Тематика на весникот била комбинација од револуционерна политика и работнички извештаи. Тиражот достигнувал и до 40 000 примероци.

Помеѓу 1905 г. и 1914 г. болшевиците прераснаа од претежно партија на интелектуалци коишто се обидуваа да го водат работништвото, во партија на политички напредни работнички и работници и со значајна “публика” во работничката класа.

Извор: http://www.marks21.info/istorija/lenjin-radanje-masovne-partije-tokom-revolucije-iz-1905-godine-2

Последно