Bо неделата, на 24 март, се одбележа 25-годишнината од бомбардирањето на Сојузна Република Југославија (СРЈ). Иљo Аризанов бил првиот пилот кој полетал во борбена задача на 24 март 1999 година од аеродромот на ЈНА во Ниш.
Познатиот српски пилот Иљo Аризанов летал со авионот MiG-29 за време на агресијата на НАТО врз Србија во 1999 година. По повод бомбардирањето, на социјалната мрежа „X“, многумина со гордост истакнале дека неговата ќерка Наташа станала пилот откако поминала обука на Академијата на воздухопловните сили.
Да потсетиме, Аризанов тргнал да го брани српското небо и покрај тоа што во неговиот авион немало уред кој го предупредува пилотот дали се наоѓа на нишан на непријателот и радио комуникацијата, па истата вечер бил соборен.
Овој храбар човек успеал да скокне од леталото кое било во пламен и со падобран да се спушти некаде во подрачјето на Дреница под контрола на ОВК. Во лоша состојба без храна и вода (пиел само снег), претежно се движел ноќе, додека дење се криел во шумата и по речиси три дена пешачење стигнал до воениот аеродром во Приштина. Таму му била пружена помош, а Иља се запишал во српската историја како еден од оние кои биле спремни да ги положат животите за својата татковина.
За жал, тој починал на 4 септември 2011 година на 52-годишна возраст од срцев удар, но никогаш нема да го заборавиме неговиот лик и дело.
По неговите стапки тргнала ќерка му Наташа. Нејзината одлука да стане пилот не била изненадување, имајќи предвид дека нејзиниот татко бил многу храбар пилот.
Наташа Аризанов се изборила за своето место на воениот аеродром во Батајница, кој го носи името на уште еден херојски пилот – Миленко Павловиќ, кој загинал во битка со ескадрилите на НАТО во мај 1999 година. Наташа станала пилот откако поминала обука на Академијата за воздухопловство. „Од мала доаѓам на аеродром, па сето ова некако ми е при срце, а кога се запишав на академијата желба ми беше да работам овде“, за РТС изјавила потпоручникот Наташа Аризанов.
Преземено од: Tocka.com.mk