Говор на Енвер Хоџа по повод независноста на Албанија

Нашата славна Народно-Ослободителна војна започна. Таа беше нееднаква војна, бевме невооружени, боси и со празни стомаци, но бевме силни, бидејќи се боревме за голема кауза, борејќи се за ослободувањето на народот, да им дадеме среќен живот и да се осветиме на нашите непријатели што сакаа да не удават во крв.

Ние бевме мал народ, лице в лице со голема ѕверка, но бевме силни, бидејќи во нашите срца се негуваше длабока омраза кон тие што ни ги нападнаа домовите и ни ги украдоа нашите имоти. Ние земавме пушка во рака и се нурнавме во битката, сигурни во нашата победа, бидејќи правдата беше на наша страна и бидејќи во оваа војна ние не бевме сами.

Сиот прогресивен и анти-фашистички свет, унифицирани во солиден фронт, беше во војна против истите непријатели, непријателите на човештвото: Нацизмот и фашизмот.

Говор на Енвер Хоџа по повод независноста на Албанија, 28 ноември 1944.

Превземено од: https://www.marxists.org/reference/archive/hoxha/works-index.htm

Преведено од: Андреј Михаиловски

Последно