Главниот белег на модерните капиталистички економии е дека пазарите што на прв поглед личат дека се автономни, неутрални, не-политички, и водени од страна на природните пазарни сили и законските потреби се напротив организирани од страна на внатрешни институционални аранжмани, политичко/легално инжињерство и присилни механизми на моќ. Структуралните корења на оваа бифурикација помеѓу изгледот на натурализмот и вистинскиот приказ на моќ лежат во инвенцијата од доцниот 18 век на моралната економија на пазарната правда (италик на авторот). Пазарната правда е нормативното побарување дека дистрибутивните исходи создадени од легално волонтарните пазарни трансакции кои работат во неутрален систем на цени се по дефиниција морално исправни.
Приказната на пазарната правда започнува со класичната политичка економија, која од почетокот претставуваше слугинка на политичка и социјална жалост за наводна редистрибутивна присила: Англиските сопственици на имот и економски либерали тврдеа дека Poor Law даноците биле извлечени од нив од страна на владата во името на морално идеалистичните идеи на сочувство. Посинокот на политичкиот либерализам, економскиот либерализам вешто ја распореди поранешната реторика на слобода дa побара слобода од тиранијата на владата. Но каде политичкиот либерализам се спротиставуваше на Круната во името на правата, економскиот либерализам ги посочи социјалните права на сиромашните (италик на авторот) како инстримент на присила
Да се оправда слободата од редистрибутивните даноци по сопственоста, политичката економија го создаде пазарен натурализам, вистински експеримент на умот што пропишува дека законите што владеат во природата исто така владеат и во сопственоста. Економијата не е „како“ природниот свет; светот на приватната сопственост не е еднаков со природниот свет и не е регулиран од истите природни закони и природни случаи. Пазарниот натурализам фабрикуваше бифурициран свет во егзистенцијален конфликт помеѓу налик биолошки организам што има тенденција да се стреми кон налик законски еквилибриум и просперитет се додека е слободен од владина присила и морално мешање, и хиерархиска држава што ја покажува својата моќ кога сака и арбитрарно наметнува редистрибутивни морални императиви
Промовирајќи го неморалот на поклонувањето на природните закони, сепак беше премногу кршлива позиција за да се оправдаат суровостите што следеа од драконското поништување на оригиналниот Англиски систем на социјална граѓанственост. Во извонреден чин на епистемолошко лукавост, ја имаат свртено центарот на онтолошката гравитација подалеку од морално – натоварената принуда на владата на наводната морално независна сфера на природата, политичката економија сега изшверцува во името на природата, ново мерило за моралноста, ова е мерено преку „усолгасеност со законите на природата“ (италик од авторот). Во вртоглав мозочен твистер, моралната неутралност на природата, ги постави темелите за инвенцијата на нов вид на правда – пазарна правда. Пазарната правда декларира дека како местото на себе – регулирачката сила на природата, пазарните пресуди се праведни бидејќи се неафектирани од страна на моралното, непречена од човечката каприциозност, недопрена од принудната, арбитрарна политичка моќ. Научното привилегирање на морално неутралите закони на природата, беше без напор – и со заблуда – конвертирано на моралната привелигираност на пазарот.
Превземено од: https://www.tandfonline.com/doi/epdf/10.1080/13621025.2022.2091250?needAccess=true&role=button&
Преведено од: Кристијан Димков