Предистрибутивна дедемократизација
Предистрибуцијата е контигентна; може да биде организирана или од моќите на демократскиот егалитаризам или од корпоративните/бизнис интересите. Во рацете на вториве како што е во изминативе четири децении, предистрибуцијата служи како институционалната поткрепа за пазарната правда. Работата се прави преку предистрибутивна дедемократизација (италик на авторот), што ги користи моќите на предистрибуцијата да ги исклучи правата на демократската граѓанственост преку пристуство или влијание врз механизмите на нашата колективна живеачка. Иако капиталистичката долга историја на репресија на демократијата во јавната сфера (потиснување на гласови, Jim Crow, итн.) секогаш била по упадлива, предистрибутивната дедемократизација е поефикасна бидејќи ја зациментирува – и натурализира – дедемократизацијата во самата економија и ги исклучува обичните граѓани од остварување на демократско влијание врз економијата. Преку институирање на легален заштитен ѕид помеѓу економијата и политиката, тоа ги присилува и политизира границите на демократијата преку тоа што ги заштитува пазарните динамики од политички размислувања на еднаквост и дистрибуција
Како и другите форми на предистрибуција, дедемократизацијата и рестрикциите на пазарно-усогласена граѓанственост се тешки да се препознаат бидејќи се нормализирани како дел од општеството со слободниот пазар така што исклучување на граѓаните од тоа да имаат глас во нивното живеење наликува едноставно како природна работа. Од почетокот, основачите на САД го дезајнирале Уставот да институционализиираат и натурализираат, Рубиконова поделба помеѓу економијата и општеството, структурално да се деполитизира економијата преку изолирање на истата од конституционална јуридистикција, и да се даде на јавниот сектор слобода, се додека се усогласува со пазарот. Благодарејќи на идеолошкиот режим на природните права, конструктирајќи тоа што Поланји го нарече „единственото легално втемелено пазарно општество во светот“ изгледаше дека не е акт на афирмативна моќ но како поделување и заштитување на пазарните процеси од граѓаните беше едноставно именување на тоа што е дадено во природата. Без оглед на тоа , рана и екстензивна бела машка франшиза, дури и граѓани со политички права беа немоќни наспроти моќта на сопствениците и работодавачите (Polanyi 2001 [1944], 234).
Предистрибутивната дедемократизација ги отелотворува структуралните моќи дизајнирани да ja спроведуваат нормативната наредба на пазарната правда против демократските обиди да се подложи економскиот живот на демократско влиијание. Ги трансформира идеалните прописи и норми на пазарната правда во однос на тоа што конституира како морално праведно, легитимна граѓанственост и императивот на демократски ограничувања во брутална правна сила и доминација на работното место. Со оглед на тоа, преку преглед на владеењето на правото, Американското судство, повторливо ги присилува лимитите на пазарно – усогласена граѓанственост преку одбивање на демократско донесена легислатива која се противи на апсолутното право на имот и слободата на договорот. Во раниот ХХ век, судовите во ерата на Лохнер, озлогласено повторно и повторно суди против легислатива која имала за цел да ги прошири и да ги заштити правата на работниците и да ја ребалансира асиметријата на моќ помеѓу трудот и капиталот. Овие пресуди може да се гледаат потесно како случаи под контрола на имотот. Но тие би требало да се гледаат, поточно како репрезенти на ера на поробување и измазнување на демократскотите права на граѓаните да имаат било каква моќ на местата каде што создаваат вредност. И со оглед на тоа во Њу дил правата на трудот и обележја на победи на личните права под судот воден од Варен во 1950тите и 1960тите, од 1970тите се имаме вратено на нео Лохнерово судство што предводи со железна тупаница структуралните ограничувања на демократија која се усогласува со пазарот, не само попречување на демократските обиди за регулација туку и цинично користејќи го Првиот Амандман да се поткопа демократската моќ на синдикатите.
Денеска, кога работниците патуваат од дома кон работа, предистрибутивната дедемократизација ги трансформира од граѓани со права – побарувања во безправни фиктициозни комодитети, каде што немаат глас над условите и практиките кои доминираат со нивните животи и средства за живот. Безправноста на работното место е оправдана како продукт на волонтарниот слободен договор во приватната сфера – потреба на пазарната правда – но е од државата спроведените закони кои владеад над фирмите што го прави работното место, крајната локација на предистрибутивната дедемократизација. Како што Андерсон (2017, 54) објаснува: „Државата го има етаблирано уставот на владеење на работното место: е форма на приватна влада (италик на авторот) каде авторитетот на работодавачот e убедливо, произволно и не одговорно – неможе да биде предмет на известување, процес или жалба“.
Радикално ослабен концепт на демократска граѓанственост е на тој начин не само крајот на каузалната секвенца што се движи од пазарните сили до општеството. Преку енженирање легални принуди во инфраструктурата на сопственоста, договотот, и ценовните механизми, предистрибутивната дедемократизација е активниот агент во правењето на пазарните дистрибутивни опустушувања и демократски неслободи.
Превземено од: https://www.tandfonline.com/doi/epdf/10.1080/13621025.2022.2091250?needAccess=true&role=button&
Преведено од: Кристијан Димков