Дедемократизација на граѓанственоста (седми дел)

По предистрибуцијата: пазарната правда, социјалната граѓанственост и дедемократизацијата

Предистрибутивната анализа ја остава пазарната правда отворена за своето лукавствко, како оправданост за нееднаквоста и делегитимирањето на тие што ги користат своите социјална права целосно зависи од наводните неполитички фондации на пазарниот натурализам. Од ова обелоденување на основната моќ, може да се направи поврзаност од неолиберланиот напад на социјалната граѓанственост на моменталната закана на демократската граѓанственост. Само преку алхемијата на погреѓшно препознавање, социјалната граѓанственост и социјалната држава беа убиени преку враќањето на слободните пазари. Наместо тоа преставуваше битка водена од имотот и богатството да ја задржат моќта врз пазарната предистрибуција, привремено запрена од растот на социјалната граѓанственост во времето на Њу дил и повоеното егалитарно владеење.

Социјалната граѓанственост претставуваше многу поголем предизвик на проектот на дедемократизација од што лимитираниот фокус на товарот од социјалната држава/редистрибутивниот данок од што првично размислувавме.

Како што Маршал теоретизираше, социјалната граѓанственост претставуваѓе достигнување на проширените права и нивната институционализираност создаде нов универзум на демократски правни носители. Впрочем, јавните добра и социјалните права прават многу повеќе од нудење услуги: Тие обезбедуваат директен канал на статусот на правните носители кои имаат легални права-побарувња од државата и имаат право на целосна социјална инклусија, како социјални, политички и морално еднакви, независно од пазарната вредност – правото да се имаат права како што имам расправано на други мместа (Somers 2008). Ова го прави социјалната граѓанственост да не претставув само кулминацијата на секвенци од цивилни (лични) до политички до социјални права. Наместо тоа ја прави социјалната граѓанственост каузален егент (италик на авторот) во експанзијата на демократската граѓанственост, чии права не се само лични имоти туку ништо помалку од јавни добра, и со тоа критички актери во матриксот на структурално институционалните аранжмани што ги подложуваат пазарите на демократскo зајакнување (Somers and Roberts 2008). Правата кои се приврзани со јавните добра се со тоа контингенти на способноста на демократската граѓанственост не само да прават права-побарувања на социјалните услуги туку и да се прошири на институционалните фондации на правата како јавни добра. И тие се проширија: Во САД, движењата во 1960те за Граѓанските Права на Афро Американците, за правото на глас, за проширени социјални права, проширени синдикални права, права на студентите и првата на против воените демонстранти се беа изградени на темелите на постоечкиот New Dea;/Great Society социјална граѓанственост.

Социјалната граѓанственост, накратко, ја поткопа работата на предистрбибутивната дедемократизација што неолиберализмот има намера да ја врати назад од раните 1970ти па наваму. Политичката економија, пазарниот натурализам и пазарната правда повторно претставуваа оружја во битката да се изместат и делегитимираат силите на популарниот суверенитет. Кризата на стагфлацијата обезбеди отварање да се таргетираат носителите на социјалните права како изворот на економската криза. Отелотворена во познатиот напад од Три-Латералната Комисија врз „премногуте права“, прегратката за Public Choice теоријата, економската теорија на владеење, дезајнирана да ја стави „демократијата во окови“ (MacLean 2017), и растот на „законот и економијата“ во Чикаго што тренираше адвокати за опасностите на ефикасноста и развојот од страна на дистрибуционалните  и анти-труст загриженост, ново именуваната „криза на демократијата“ беше окривена за многу од тоа што ја заболуваше економијата во 1970тите и 1980тите. Се почесто оценувана од десницата како премногу проблематична за капитализмот да ја издржи, демократијата го задржи легитимитетот само до степенот да претставува исцрпена и безмоќна демократија на ограничувања, дефинирана од прописите наместо од суштинските афирмативни права (Streeck 2014). Тврдењата на десницата мораа да бидат намалени заради економската здравост на нацијата.

Дедемократизацијата, сепак самата по себе не е популарна. Заштитата на економското здравје на нацијата од „предаторните“ сиромашни и невредни и не земањето од „заслужните“ и давањето на „незаслужните“ – овие се популарни. Оттука и на дедемократизацијата и беше дадена заштита преку нападите на социјалната граѓанственост во името на моралната економија на пазараната  економмија. Нејзиното вооружување беше тространо: Прво, ослонувајќи се на епистемологија на пазарниот натурализам и секојдневниот либертарилизам, ја таргетираше редистрибуцијата како прекршување на праведните десерти и меритокартијата (маргинална теорија на продуктивноста) и со тоа заканувајќи се на пазарниот раст и на ефикасноста. Второ ја именува редистрибуцијата како перверзивна морална закана поткопувајќи ги критичните пазарни сигнални (гладта) што ги приморува луѓето ра даботат. И трето, го сврте својот гнев кон една тесна класа на приматели на социјална помош, идентификувани како сиромашните и не-бели. Пазарната правда и објасни на јавноста дека напорно работливите плаќачи на данок (имплицитно бели) се оданочувани од нивните чесно заработени пари исклучиво за да се обезбеди за потребите на незаслужните „земачи“ – „Социјалните кралици“ на Реган (Somers and Block 2005).

Превземено од: https://www.tandfonline.com/doi/epdf/10.1080/13621025.2022.2091250?needAccess=true&role=button&

Преведено од: Кристијан Димков

Последно