Деконструкција на пазарниот натурализам и идеологијата на наддржавен пазар
Пазарниот натурализам е секако идеологија: Пазарот нема закони, природни или билокакви, не постои пазарна неутралност ослободена од моќ и политика; нееднакви приходи и богатства не ја рефлектираат пазарната правда, заслуга, или вредност; ниту пак постои морална оправданост за стегање на демократските пракси во помош за пазарно конформистичките пракси. Сепак со пазарен натурализам и пазарна правда политичката економија ја создаде најзастрашувачката идеологија во изминативе два века, идеологија што продолжува да дава морални заслуги на богатите додека ги срамат сиромашните за нивните морални недостатоци; да се осудат владините напори да се ослободат од мачење каде што е најпотребно; и легално да се засили и заштити моќта на капиталот наспротив таа на демократската граѓанственост. Знак за тоа колку претенциозна и ефективна е оваа идеологија е дека прогресивците ја земаат во номиналната вредност кога тагуваат за да се врати „неограничениот пазар“ и повлекувањето на државата како белег на неолиберализмот.
Алтернативна институционална политичка економија инспирирана од Поланји (Block and Somers 2014) стипулира дека како ние ги перцепираме силите на слободниот пазар е конституирано од институциите, присила и моќ а не природа, волонтаризам и неутралност, и дека слободните пазари не постојат во дивината туку се инжењирани да изгледаат како такви. Вистинските пазари се измислени од многу моќните, присилните и насилно згрозените и отфрлени од страна на пазарно натуралистичкиот идеал. Идеологијата на слободниот пазар отсликува економија која е ефикасна и слободна од својата либерација од мешањето на владата, но економската институционализација препознава дека владината акција неможе да „се меша“ во економијата, видејќи владините правила, права и легални моќи се тоа што ја конституираат економијата. Пазарот самиот по себе е алокативна институција на моќ, инжењирана преку предистрибуција
Концептот на предистрибуција е граден на претпоставката дека примарните пазарни исходи (плати, приход, богатство, работен статус), кои изгледаат дека се резултате на неперсонални, автономни пазарни сили (глобализацијата, автомацијата, механизмот на создавање на цени), се фактички водени од страна на владини политики, легални присили и институционални моќи. Концептот игра на контрастот со попознатиот концепт на редистрибуција: Каде што вториот се фокусира на тоа како владините политики (особено оданочувањето) надвор (италик на авторот) од економијата, предистрибуцијата открива како владините политики и легални моќи ја формираат структурата на пазарот и балансот на моќ внатре бо економијата – договорите и ценовните механизми – и има влијание примарно на приходите пред оданочување. Предистрибуција ја открива измамата што атрибутира моќ и присила ексклузивно на државата, додека ја негира моќта на политичкото и легално инжењерство да се влијае на пазарните исходи. Со ставањето на законите владиното инжењерство во срцето на ценовниот механизам, предистрибуцијата ја предизвикува самата идеа на економијата како приватен сектор одделен од владата и законите и ја деконструира идеологијата на наддржавниот пазар.
Ако пазарната правда ја обезбедува идеолошката оправданост на нееднаквоста, анти – дистрибуцијата и дедемократизација, предистрибуцијата тивко ги институционализира. Покрај овие институционалзирања кои се случуваат на виделина во судовите во САД, Федералниот и Конгресот, главна карактеристика на предистрибутивната пракса е дека е дизајнирана да ја затвараат политичката и легалната моќ внатре во економијата и наместо тоа да изгледа како слободниот пазар на работа. Различно од редистрибуцијата што е агресивно оспорувана во отвореното царство на владеачки политики и легислативни дебати, предистрибуцијата оперира внатре, во црната кутија на дискусијата за подобрување на ефикасноста на пазарот, и е како ефект на тоа заштитен од јавна проверка.
Резултатот е дека пазарните исходи – покрај тоа што се обликувани од овие политики и закони – продолжуваат да бидат прецепирани и објаснувани како рефлексија на невидливи природни пазарни сили. Навистина, самата новина инезапознаеност со зборот „предистрибуција“ сведочи на успешната деполитизација (италик на авторот) на примарните пазарни нееднаквости, правејќи ги се порастечките нивоа на богатства на богатите и премногу богатите да наликуваат на неполитички и едноставно водени од пазарот а не како резултат на предистрибутивната моќ. За жал, како карактеристика на погрешно дијагнозираното пропаѓање на социјалната граѓанственост, дури и левицата има тенденција да ја препише се поголемата нееднаквост на „нерегулираните“ пазари наместо на политички и легано инжењирани пазари.
Превземено од: https://www.tandfonline.com/doi/epdf/10.1080/13621025.2022.2091250?needAccess=true&role=button&
Преведено од: Кристијан Димков