Дедемократизација на граѓанственоста (прв дел)

Потврдувајќи го оплакувањето на филозофите дека знаењето на нешто може единствено да биде постигнато додека се повлекува позади хоризонтот, Студиите за Граѓанственоста (италик на авторот) беа создадени во 1990тите години, токму кога  теоретската канонизација на Томас. Х. Маршал и неговата апотеоза во социјалната граѓанственост беше истовремено повторно отркиена и нејзината пропаст веќе остварена.

Маршал познато ја карактеризираше граѓанственоста и социјалната класа како отелотворување на „завојуваните принципи“ на еднаквоста наспроти нееднаквоста. Со отстранување на одредени добра и услуги од пазарот и обезбедување на истите тие услуги во јавната сфера, достапни за сите граѓани (особено здравствената заштита и образованието), социјалната граѓанственост го претставуваше кулминирачкиот триумф на принципот на еднаквоста, давајќи еднакви права и целосна социјална инклузија на сите членови на едно општество, независно од социјална класа, вредност на пазарот на трудот, или судења за моралната вредност.

За сета критика упатена кон Маршал од страна на студиите за новата граѓанственост (за неговиот Евроцентризам, и слепи точки за расата и родот), негивата базична теорија за социјална граѓанственост помина генерално неоштетена. Па не е изненадувачко дека преовладувачката дијагноза на причинате и последиците од нападот на социјалните права беше суштински Маршалска: Целта на неолиберализмот да го врати назад редот пред т.н Њу дил беше анализиран како проект да се принуди повлекување на државата и да се ослободат силите на пазарот без било какви спротиставени акти на егалитаризам.

Дваесет и пет години подоцна, предвидените последици исто така беа врамувани во Маршалови термини: Отсутни се изедначувачките моќи на социјалната граѓанственост, неспротиставената автономија на капитализмот и слободниот пазар го имаат свртено балансот на моќта што ги олеснува нивоата на нееднаквост и несигурност не се видени од Позлатената доба. Во случајот на модерната САД, на што и главно се фокусира овој труд, нешто ниту видено ниту предвидено а и веројатно многу полошо се има развиено: Не само социјалната димензија на граѓанственоста туку и демократската граѓанственост во целина е под сериозен напад, и во судовите, законите и на улиците на Америка институциите и праксата на популарен суверенитет стануваат жртви на авторитарно освојување.

Од горе, проектот на дедемократизација е организиран и воспоставуван од страна на Републиканската Партија и нејзините донатори. Од долу, од насилни крајно – десно популистички движења организирани да ги спречат тие што ги сметаат за нелигитимни од пристап до демократски институции и процеси. Комбинирано, додаваат до голем раст на авторитаризмот во кој ниту перформативно електорално учество веќе не е достапно за многу (Calhoun, Paramshwar Gaonkar, and Taylor 2022; Freedon House 2022).

Објаснувањата во случајов на САД се во опсег од индивидуалниот харизматичен стронгмен Трамп до расизмот разгорен од очајот на економски план на работничката класа, до анти – демократската природа на конституционалниот апаратус (Сенатот, Електоралниот Колеџ, Врховниот суд, легалната манипулација на изборите), и моменталната плутократска олигархија  која, по дефиниција исклучува демократија. Се ова без сомнение има свој удел во кризата на демократијата со која моментално се соочуваме . Но сите тие ја прават грешката на третирањето на претходниот напад на социјалната држава и моменталниот на демократската граѓанственост како посебни настани.

Од перспективата на институционалистичка политичка економија овие не се независни туку епизоди во со декади долг наратив на проектот на дедемократизација инжењиран од страна на неолиберализмот, чија цел е да се испразни граѓанственоста од своите демократски фондации базирани на права-побарувања и да се врати статусот на субјект кој е управуван од должности. Во овој проект, нападот на социјалната граѓанственост од 1980те и 1990те, исто како работата на режимите на штедење од 2000ите, претставуваа епизоди во поголемата војна да се дедемократизира граѓанственоста.

Превземено од: https://www.tandfonline.com/doi/epdf/10.1080/13621025.2022.2091250?needAccess=true&role=button&

Преведено од: Кристијан Димков

Последно