Македонското прашање и комунистите [Панделис Пулиопулос – 1940 година] (прв дел)

Панделис Пулиопулос – автор на текстот

Невозможно е обликување на револуционерна пролетерска партија во Грција без борба против национализмот воопшто, а посебно во однос на македонското прашање. Национализмот на ККЕ (КП Грција) не само што ја олеснува предавничката политика на класна соработка – „Народниот фронт“. Ја олеснува нејзината капитулација пред Диктатурата (диктатурата на Метаксас од 1936); а ќе се одрази недвосмислено и за време на војната, со социјал-патриотските ставови и на другите полиња, на пример на националното прашање за луѓето на Додеканезите, Кипар (Додеканеските острови со претежно грчко население беа под италијанска окупација).

Тука треба да се наведат документи за историјата на нашата теорија и нашата политика воопшто за националното прашање. Ќе споменеме некои.

Дискусиите во германската социјалдемократија (посебно на австромарксизмот, „Прашањето на националностите“ од Бауер, одговорот на Кауцки) се водеа околу општа теорија, што е нација итн. Бауер го сметаше јазикот како критериум за нација, Кауцки сметаше на културните елементи (Kultur) и заедничкото историско искуство

. Нивната заеднички исход: мирна реформа во рамките на завршениот факт за злоупотребите на „нашата“ национална буржоазија.

Теоријата на болшевизмот го поставува прашањето на националностите во руската империја врз основите на револуционерниот марксизам, на ист начин како и Маркс за Ирска. Лениновите дискусии со „бундистите“ и Роза за полското прашање ги изнесе на виделина исправните ставови и нашите задачи во епохата на империјализмот и светската социјалистичка револуција. Сталин во една од неговите мали брошури изнесе опортунистички погледи, кои ги нападна Ленин како такви. За жал ги немаме точните елементи за таа полемика, која патем е од секундарно историско значење за нашата тема. Бундистите и сите опортунисти во руската социјалдемократија ги подржуваа австромарксистичките погледи (на срамежлив национализам и пацифизам). Тоа е првата тенденција на која се спротивставија руските марксисти, Ленин, Троцки. Втората беше механичката центристичка, која се сведуваше на служење на царизмот за националното прашање, во име на економскиот социјалистички идеал за идната централно организирана економија (во таа насока е антисталинистичката полемика на Ленин за грузиското национално прашање). Третото гледиште кое исправно беше победено е гледиштето на Роза. Нема национално ослободување на поробените националности под капитализам, а посебно полската националност во наше време. Затоа треба да имаме само социјалистички револуционерни слогани за нив, а не национални.

Политиката на болшевизмот за националното прашање беше комплетирано на Вториот и Третиот конгрес на КИ (Комунистичката Интернационала) со ставовите за колонијалното прашање кое е истовремено национално и земјишно прашање. Нашиот фундаментален став за важните одлуки е добро познат. Ќе појасниме неколку работи на кои можеби некој не се сеќава.

1) Ленин и одговори на Роза пред војната: Пред се не е точно дека постигнатата независност на националните држави е невозможна за поробените нации под капитализам пред социјалистичката револуција. На пример, со Норвешка, како што спомна тој. Исто така и со Полска итн.

2) Се разбира само со социјалистичка револуција национално угнетените ќе најдат конечна и вистинска национална слобода. Но погрешно е да се задржи политичкиот нихилизам за националните револуционерни движења и да не се бара да се завртат во помошни сојузнички елементи на општото револуционерно движење за отфрлање на капиталистичката власт низ светот.

3) Лидерите на националноослободителните движења (селанство во колонијалните народи, назадни или не-мали националности во Европа) денес ќе се борат со буржоазијата и со новородениот пролетаријат. Буржоазијата, дури и да доминира во почетокот (Индија, Кина), дури кога се бори на патот на националното ослободување, на крајот ќе се спогоди со угнетувачите или нивните ривали-странски угнетувачи. Од тие причини нашата политика е: Со целиот потчинет народ за самоопределување до отцепување – но независен политички став против предавничката на национал-револуционерните цели на буржоазијата – за пролетерска власт која самата е доволна гаранција за победа против странскиот национален јарем. Борбена комбинација за кршење и на националниот и на социјалниот јарем. (Ленин и Троцки се соочија со истите опортунистички тенденции на индискиот десничарски комунистички лидер Рој на конференциите на КИ посебно на Втората и Третата).

4) Катастрофалните резултати на сталинистичката политика во Кина (1925-27, 1936-40) се предизвикани од сталинистичкиот опортунизам на национал-колонијалното прашање: Напуштање на независната позиција на пролетаријатот.

5) Можноста неодамнешниот пролетаријат на угнетените националности во колонијалните и назадни мали нации да го превземат водството во националноослободителната борба се оснива на а) општиот карактер на епохата б) придонесот на напредниот пролетаријат на метрополите, пролетаријатот на угнетувачките нации.

6) Револуционерниот пролетаријат на угнетувачките нации со одбраната на правото на самоопределување на угнетената националност го исполнува неопходниот услов а) за интернационалистичко образување на масите и нивно целосно одделување од влијанието на идеологијата на владеачката класа, б) за успехот во изградбата на социјализмот, утре. Англискиот пролетаријат кој сега нема да бара национално ослободување на Ирците не е во состојба успешно да бара сопствено социјално ослободување од англиската капиталистичка власт – рече Маркс во средина на минатиот век. Меѓу експлоатираните маси, пролетери и селани, на угнетената националност и пролетаријатот за угнетувачките нации постојат чувства на сомнеж, систематски потхранувани од владеачката класа, на омраза и општо на отуѓеност, непријателство спрема нивните класни браќа и сестри. Елемент на групна психологија кој ја попречува обединетоста на сите експлоатирани во борбата против заедничкиот национален и социјален непријател, и, без двоумење, ќе го поткопа нивното збратимување, утре за изградбата на социјализмот. Овој сомнеж и отуѓување не може поинаку да се победи освен ако пролетаријатот и селанството на угнетената националност не се УБЕДАТ СЕГА дека пролетаријатот на угнетувачката нација е вистински, не само во зборови, во корист на нивно ослободување, дека сега, дури и ВО РАМКИТЕ НА ГРАЃАНСКИОТ РЕЖИМ време е да се бориме со нив за нивно национално ослободување дури и за нивно државно отцепување, ако така тие сакаат.

Болшевизмот го даде ова ФАКТИЧКО образование од времето на царот за бројните угнетени националности на Руската империја, и така ја придоби довербата за новиот доминантен поредок – т.е. кон конфедерална, братска и слободна соработка во задачата за децентрализирана социјалистичка економска реконструкција. Уште е познато дека оваа соработка им даде најширока културна автономија која некогаш не можеа да ја замислат буржоазијата или социјалдемократските теоретичари за националното прашање. Сталинистичкиот апсолутизам денес го укинува предусловот и подготвува нови страшни разделувачки експлозии во голема опасност од она што остана од освојувањето на Октомври (Украина денес!).

Втор дел: https://lenka.mk/history_macedonia/makedonskoto-prashaњe-i-komunistite-pandelis-puliopulos-1940-godina-posleden-del/

Превземено од: https://www.marxists.org/makedonski/pouliopoulos/1940/makkom.htm#A

Последно