МАКЕДОНСКА КНИЖАРНИЦА ВО ГОРНА ЏУМАЈА
„Работническо дело” од 14 ноември 1947 година.

Во Горна Џумаја, се отворила првата книжарница на македонски јазик, наречена „Македонска книга”. Овој настан е значаен не само за градот, туку и за целокупната област. Книжарницата ќе игра важна улога во јачањето на националната свест на македонското население во тој регион, како и за згуснување на културните врски…

Државното книгоиздателство на НРМ објави прекрасни изданија, меѓу кои „Зборник на македонски народни песни”, што вклучува дела од основоположниците на македонската литература. Сред нив се возбудливите песни на Кочо Рацин, Коле Неделковски и В. Марковски, како и творбите на младите талентирани македонски поети и белетристи: Славко Јаневски, Ацо Шопов, Јован Бошковски, Ванчо Николески, Лазо Каровски и други.

Исто така, во изложбите се поставени првите буквари за малите Македончиња и сите учебници за основните училишта, гимназиите и универзитетите. Покрај тоа, на македонски јазик се преведени многу уметнички и научни дела, посебно од класичната и современата руска литература.