1. On the Road to Berlin (На Патот кон Берлин)
Филмот е заснован на Двајца во степата, приказна на познатиот советски ветеран писател Емануил Казакевич и воени дневници на Константин Симонов. 1942. Воен трибунал ги истражува дејствијата на уапсениот неискусен млад поручник Огарков. Офицерот Иван Сињаев, кој бил на мисија заедно со Огарков, смета дека Огарков се покажал како кукавица. Воениот суд го осудува Огарков на стрелање. Војникот Џурабаев треба да го чува притвореникот до извршување на казната. Одеднаш Германците влегуваат во селото, пробивајќи ја одбраната. Џурабаев ја носи единствената правилна одлука – да се пробие до неговите трупи заедно со Огарков. И сега чувар и затвореник одат по воените патишта, впуштајќи се во случајни битки како еднакви. Се покриваат со истиот капут, јадат од ист плех. Меѓу нив се развива тивко, неверојатно пријателство.
Филмот е достапен на YouTube без никаква претплата.
2. Come and See (Дојди и Види)
Дојди и види e советски филм од 1985 година, во режија Елем Климов, кој е коавтор и на сценариото, покрај Алес Адамович. Филмот е антивоена критика која се базира на романот Кхатин од Алес Адавович како и на збирки на сведоштва од Втората Светска Војна. Главните улоги ги играат: Алексеј Кравченко и Олга Миронова. Во 1985 година, филмот бил награден на Моксовскиот филмски фестивал, а во 2017 година ја освоил наградата за најдобар реставриран филм на Венецијанскиот филмски фестивал.
Филмот е достапен на YouTube без никаква претплата.
3. Stalingrad (2013)
За време на Сталинградската битка, германската војска го зазема едниот брег на Волга, а по неуспешниот обид да ја преминат реката и да извршат контраофанзива, советската војска е принудена на повлекување. Сепак, неколкумина војници успеваат да се префрлат на брегот што го држат Германците. Бидејќи се малкумина, тие се кријат во една куќа крај брегот, а таму ја запознаваат девојката која не ја напуштила линијата на фронтот, а германските војници се вселиле во нејзиниот дом. Така, во екот на војната се раѓа љубов, а од тој миг, војниците имаат само една цел — по секоја цена да ја заштитат девојката.
4. They Fought for Their Country (Тие се Бореa за Татковината)
Тие се бореа за татковината (руски: Они сражались за Родина) е долгометражен советски воен филм во режија на Сергеј Бондарчук, а премиерно прикажан во 1975 година. Станува збор за адаптација на истоимениот незавршен роман на Михаил Шолохов. Протагонистите се членови на водот на Црвената армија кои летото 1942 година, за време на големата германска офанзива во Втората светска војна, добија задача да го чуваат повлекувањето на своите соборци.
Филмот е достапен на YouTube без претплата.
5. Ѕвездата (The Star)
Ѕвездата (руски: Звезда) е руски филм од 2002 година во режија на Николај Лебедев, голем модерен проект на Мосфилм. Се заснова на истоимената приказна од Емануил Казакевич, за група советски извидници кои работат зад непријателските линии за време на операцијата Баграција во Втората светска војна. Приказната претходно e снимена во истоимениот филм од 1953 година.
Филмот е достапен на YouTube без претплата.
Филмовите на оваа листа како и други филмови од советски и руски режисери можете да ги гледате без претплата на јутуб каналот на Мосфилм (http://www.youtube.com/@Mosfilm_eng). Мосфилм е најстарото филмско студио во Европа. Воспоставено е во 1924 година во Советскиот Сојуз.