Температурите во јули – највисоки во последните 120.000 години

Група научници кои се занимаваат со проучување на климатските промени заклучија дека ако се споредуваат температурните рекорди дека температурите измерени овој месец се највисоки во последните 120.000 години, а веројатно и од постоењето на цивилизацијата.

Да ги нема климатските промени вакво нешто никогаш не би се случило, вели Марија Захаријa од Кралскиот колеџ во Лондон, која ја предводи студијата во рамките на “World Weather Attribution”.

Таа тврди дека топлите бранови во Европа и во Северна Америка би биле буквално не озможни без зголемувањето на температурата во изминатите 200 години.

Влијанието на климатските промени е забележливо и во топлинските бранови кои ја погодија планетава во текот на јули,кои стануваат се почести, се вели во студијата.

Утврдено е дека согорувањето на јаглеродот, нафтата и природниот гас, предизвикува пораст на температурите.

Научниците предупредуваат дека топлотните бранови кои ги имаме сега ќе бидат уште почести, ако температурите дополнително се покачат и за помалку од 1 степен

Превземено од: Иновативност.мк

Последно