Додека сеуште трае борбата за стопирање на отварање на рудници во Струмичката котлина, нова опасност се појави за котлината во оптшина Ново Село. Поточно, започнати се градежни активности за леарница за алуминиум која е во категорија на тешка индустрија.
Затоа, на 4-ти Јули пратениците од Левица заедно со Зелен Сектор од Левица изразија поддршка и солидарност на протестот одржан во општина Ново Село, организиран од страна на Здрава Котлина. Заедно со жителите на општина Ново Село изразивме револт против спорната леарница за алуминиум чија изградба е планирана на 80м од изворите на вода во Ново Село. Дополнително, самото одобрение за изградба на леарницата е сомнително поради личните интереси на градоначалникот на општина Ново Село. Граѓаните излегоа во голем број во поддршка на овој протест со цел да се стопира градбата на леарницата.
Леарница за алуминиум нема да има!
Кажаа одлучно присутните на протестот.