Пишува: Тодор Кацаров, борец за социјална правда и хумано живеење.
Општина Аеродром, една од најважните општини во Скопје, денес е заглавена во хаос и непланиран урбанистички развој. Под раководство на вд градоначалникот Дејан Митески и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ, состојбата со урбанизмот, екологијата и инфраструктурата се влошува сѐ повеќе. Митески и неговите претходници, како Тимчо Муцунски, во текот на своето владеење не успеаа да донесат никакви суштински промени и решенија за проблемите кои ја трошат и уништуваат оваа општина.
Урбанистичкиот хаос во Аеродром стана не само видлив, туку и неподнослив. Место да се почитуваат урбанистичките планови и да се гради одговорно, гледаме се повеќе дивоградби, недовршени инфраструктурни проекти и изградба без никаква контрола.
Посебен акцент треба да се стави на еколошките проблеми. Во време кога градовите ширум светот се стремат кон одржлив развој и зачувување на животната средина, Аеродром останува општина без вистински планови за екологија. Наместо зголемување на зелените површини и решавање на проблемите со загадувањето, гледаме само продолжување на трендот на бетонски градби и малку или никаков напредок во областа на заштита на животната средина.
Тимчо Муцунски, како претходен градоначалник, не остави ни трага во подобрувањето на овие проблеми.
Туку напротив во меморијата на аеродромци ќе остане запаметен како гробарот на Населба Лисиче.
Неспособноста да ги решава базичните инфраструктурни и еколошки предизвици беше негова главна одлика како градоначалник со што ја продолжи кризата во Аеродром.
Неговото време беше пропуштено во непродуктивни активности и недостиг на визија за иднината на Аеродром.
Но, има надеж. Левица, како политичка сила која секогаш се залагала за праведна и одржлива урбанизација, е вистинското решение за Аеродром. Левица би донела нова политика, насочена кон заштита на зелените површини, подобрување на јавниот превоз и решавање на инфраструктурните проблеми кои се од фундаментално значење за квалитетот на живот на граѓаните. За разлика од актуелните и претходните владини структури, Левица би работела на изградба на зелен град, со површини за рекреација, намалување на загадувањето и креирање на урбанистички планови кои ќе ги почитуваат потребите на граѓаните, а не интересите на градителите.
Аеродром заслужува подобро! Сега е време да се постават нови стандарди, а Левица е таа која може да ја води оваа општина во правец на напредок и хумано живеење за сите жители на општината.