Фејзбук статус на проф. д-р Билјана Ванковска
Ова со вработувањата (конкурсите по етничка основа) е старо 22 години. Правната основа е онаа внесена со уставните амандмани во 2001 година, односно измената на членот 8 кој ги уредува темелните вредности на уставниот поредок. Се вика “правична застапеност на припадниците на немнозинските заедници”.
Just saying! Поентата ми е дека ни требаа две децении да почнеме да ја забележуваме оваа небулоза. Дури сега, кога апсурдот стана очигледен во здравствениот систем, сфативме до кое дереџе сме стасале. Почна врева да се крева. А молчевме и кога вработуваа луѓе за да седат дома. Патем изгубивме и осет за тоа што е систем на заслуги, натпревар меѓу најдобрите за сите позиции…
Но повторно мижиме пред фактот дека ова е системски дефект а не меѓупартиски договор. Можеби од страв дека ќе ни залепат етикета? Стварноста е поинаква: од ваквата етнизација страдаат и најспособните во албанската и другите заедници.
А бродот тоне, како Титаник. Заедно со сите патници …