Фејзбук статус на Дарја Мустафаоглу, советника во општина Ѓорче Петров и кандидат за пратеник во Изборна Единица 2 од редовите на политичката партија Левица

Има партии и функционери кои опстојуваат и се сместуваат на кожни фотелји со глумење грижа за бранителите и нивните права.

И ја има Левица која во ниту еден момент не ги заборава бранителите и нивните семејства, па и од позиција на опозиција успеа во неколку општини да издејствува низа поволности за бранителите и нивните семејства – во знак на благодарност, почит и скромно оддолжување за нивната храброст. Една од тие општини е и Ѓорче Петров. Огромна чест и задоволство ми е што во мојот мандат, по Предлог на советничката група на Левица, донесовме Одлуки со кои на дело ја покажавме нашата благодарност кон бранителите и нивната пожртвуваност за Македонија.

ВЕЧНА ИМ СЛАВА НА ХЕРОИТЕ!

Никогаш да не се заборави!

Да не се заборават ниту оние коишто ги амнестираа монструмите во 2011 година!