,,Пратениците од власта и од опозицијата укинаа еден од столбовите на парламентарната демократија – филибастерингот, односно можноста за блокада на закони, откако прексиноќа, со мнозинство од 83 пратеника и двајца против, го донесоа новиот собраниски Деловник.
Ова значи дека новиот парламентарен состав не ќе може да блокира закони, без оглед колку амандмани ќе бидат поднесени на законско решение, бидејќи расправата за законите во редовна постапка ќе траат најмногу ПЕТ дена.
Бидејќи Собранието го укина филибастерингот, институт што го практикува една од најстарите парламентарни демократии, како САД, идното владејачко мнозинство во Собранието ќе нема потреба да го злоупотребува европското знаменце (една од критиките кон нас во Извештајот на Европската комисија), бидејќи новиот парламентарен состав и законите во редовна постапка ќе ги носи „на брза лента“. – вели во нејзиниот фејзбук статус генералниот секретар на Левица – Јована Мојсоска