Фејзбук статус на генералниот секретар на политичката партија Левица

Денешната седница на Владата е олицетворение на диктатурата со која владеат СДС и ДУИ бескруполозно.

Да сумираме:

Владата бесрамно ја искористи катастрофата без преседан во воздушниот сообраќај, за да го разреши директорот Љубе Стаменковски, кој застана во одбрана на синдикатот против незаконскиот оглас за контролори!

Владата за директор го назначи Илир МЕХМЕТИ од ДУИ, кој НЕМА дозвола за контролор за летање и не ги исполнува условите за директор! Мехмети единствено е познат како поранешен директор кој од државен буџет трошел за приватни патувања.

Контролорите се плашат од бандитот Беким Незири, кој е слободен да доаѓа на работа, затоа што судиите Пајазит ПАЈАЗИТИ и Сандра КРСТИЌ не видоа услови за притвор за бандата на Незири.

Ама битно сменавме име за НАТО и сега партиските неписмени насилници на ДУИ ни го чуваат небото…