Фејзбук статус на Амар Мециновиќ, портпарол и носител во ИЕ 2 на политичката партија Левица
Како советник во Град Скопје, сведочев како со години буржујските партии ја блокираа набавката на нови автобуси и го саботираа јавниот превоз.
Пред 30 години во оваа населба, во САНОС ние ги произведувавме со суровини од самиот град: од МЗТ, Железара, Стаклара, Алумина и тн.
Замислете, без да излеземе од Скопје произведувавме цели автобуси, за сега да се молиме од други држави да откупуваме она што веќе не им треба на нив. И во тој случај, набавката со години да ја блокираат СДС и ДПМНЕ. Сега Ван Хол произведува за туѓи потреби.
Од друга страна, во Ќерамидница, која е речиси во самиот центар се отсликува животот на работничката класа во контраст со велелепните вили на буржоазијата. Оставени сами на себе и заборавени.
Секако, наидовме на срдечен прием и охрабрувачки пораки на поддршка. Внимателно и скромно мора да се пристапи со овие луѓе на кои им е преку глава од партии кои ги посетуваат нивните маала само пред избори – со потполно празни ветувања!