Пишува: Кристијан Димков
„Нација во подем Приказна за економското чудо на Израел“ е книга на Ден Сенор и Сол Сингер напишана во 2009та година, давајќи една па можеме слободно да кажеме многу пристрасна, многу арогантна верзија за економскиот раст и развој на Израел од нејзиното формирање до почетокот на 21виот век. Покрај оваа многу извртена слика за реалноста некои фрагменти на нешто што би претставувала вистината. Првата глава од книгата започнува со еден цитат кој одма му кажува на читателот со нивото на ароганција присутен во наредните двестотини страници, односно да цитирам „Четворица мажи стојат на аголот од една улица… Американец, Русин, Кинез и Израелец, доаѓа новинар и ги прашува: Извинете… кое е Вашето мислење за недостигот од месо? Американецот вели: Што е недостиг?, Русинот вели: Што е месо? Кинезот вели: Што е мислење? Израелецот вели: Што значи „извинете“? (Сенор и Сингер, стр 23) како типичен пример за израелска храброст или „куцпа“ што според книгата претставува една од клучните причини за економскиот раст на Израел, карактерната особина за конфронтираност и кажување на вистината дури и пред надредените – нешто што било нормално и во армијата.
Имигрантската култура на Израел е уште еден клучен елемент. Бидејќи значителен процент од неговото население се имигранти, Израел има корист од различни перспективи и искуства. Оваа разновидност според авторите предизвикува креативност и решавање проблеми, суштински состојки за просперитетен стартап екосистем. Односно да го цитирам процесот на емиграција „Таму (во Судан, К.Д) биле турнати во авион заедно со стотина други Етиопјани. Ова беше дел од тајниот напорт за израелската влада; мисијата од 1984 година за авионско пренесување, наречена операција „Мојсеј“, донесе повеќе од осум илијади етиопски Евреи во Израел. Нивната просечна возраст беше четиринаест години. На денот по нивното пристигнување на сите им беше дадено целосно израелско државјанство…“ (Сенор и Сингер, стр 122), како една од (познатите) израелски операции за масовна имиграција во Израел. Во истата глава се додава „Операцијата „Мојсеј“ беше повторена по седум години со операцијата „Соломон“ во која 14.500 етиопсјки Евреи беа пренесени со авион во Израел.“ (Сенор и Сингер стр 123). Тука мора секој читател што има некакво познавање дали од миграциите како општествена појава дали и како здраворазумска постапка ако е од држава каде што миграциите се секојдневна појава: Дали овие лица (конкретно Етиопјаните) навистина се „чувствуваат Евреи“ или пак ја користат поволната економска позиција на Израел за да емигрираат таму? Ако се користи првиот аргумент (кој впрочем е официјална политика и на Република Бугарија во однос на македонците со бугарски пасош), како е можно лица со ПРОСЕЧНА четиринаесет годишна возраст, деца од десетина години да ЗНААТ дека не се чувствуваат како етиопјани туку како израелци? Или пак ситуацијата е поблиску до македонската каде што лица се изјаснуваат како бугари само за поповолна економска состојба.
Интересното е што и покрај евидентниот про-израелски наратив во оваа книга е тоа што во повеќе навради се „признава“ на повеќе наврати дека е доселенички апартхејдски проект на големите светски сили, насилно одземајќи ја територијата, домовите и животот на домородното палестинско население. Како и повеќе пати објаснувајќи за „создавањето“ на Израел во 1948 година.
Неколку по случаен избор одбрани цитати:
„При основањетѕо на Израел во 1948 година, неговото население броеше 806.000 жители. Денес со бројка од 7.1 милиони луѓе…“ (Сенор и Сингер, стр. 126).
„Семејството Агаси беше дел од огромниот број бегалци што бегаа од насилните прогонувања што се појавија во арапскиот свет по создавањето на израелската држава..“ (Сенор и Сингер, стр. 14-15).
„Подолг официјален бојкот од дваесет и две нации од Арапската лига, која го забрани купувањето „производи од еврејската индустрија во Палестина“, беше започнат во 1943 година, пет години пред основањето на Израел“ (Сенор и Сингер, стр. 60).
Во однос на „економскиот раст“ и „економското чудо на Израел“, ќе цитирам единствено дел од говор на сегашниот претседател на САД, Џозеф Бајден каде што вели „Да не постоеше Израел, ќе моравме да го измислиме за да ги заштитиме нашите интереси во регионот, тоа е најдобрата 3 милијардска инвестиција што сме ја направиле“. Односно економскиот раст на Израел не е предизвикан од „претприемачката култура“ во Израел туку од империјалистичките интереси на нејзиниот главен современ покровител, САД.