Фејзбук статус на Игор Димески, носител на листата за пратеници во ИЕ 6 на политичката партија Левица
Од Вмро Дпмне ќе ги запреле сите напади кон Левица во интерес на националното единство?!?
Логички се поставуваат прашањата:
А што ги мотивираше до сега да ја напаѓаат Левица?
Смени ли Левица нешто во својот политички пат, па сега да не ја напаѓаат?
За какво национално единство станува збор кога по круцијалните прашања за зачувување на унитарноста и антифашистичкиот темел на државата имаме различни ставови (пример: Бугари во Устав)?
Дали лажната пропаганда која ја шират нивните активисти, дека Левица ќе коалицирала со Сдсм и Дуи ја перципираат како напад или тоа ќе си продолжи?
Дали, во интерес на националното единство, ќе почнат да бидат искрени спрема сопствениот народ и ќе му кажат дека немаат проблем повторно да го променат Уставот?
Во интерес на помирувањето, ќе престанат ли да го минимизираат рејтингот на Левица во нивната партиска анкета која ни ја презентира МТВ?
Ќе одговорат ли јавно, за она што се шири зад кулисите, дека имаат таен договор со Дуи за промена на Уставот, а за возврат Дуи доброволно да е опозиција до локални избори, за да ги минимизираат штетите по сопствениот рејтинг?
Има уште куп прашања кои логички произлегуваат од најновиот став на Вмро Дпмне, но доволно е на овие да добиеме одговори и конкретни дела, па да ја процениме искреноста.
П.С
Левица има цел да ја избрише од политичката карта Сдсм, а не да коалицира со оваа квази лева партија.
Коалиција со Сдсм не ни иде ни во најлош сон, во кошмар.
П.С.С
За останатите меѓу кои е и Вмро Дпмне.
Левица не прави коалиција врз база на број на пратеници, туку само врз основа на политичка платформа која ќе ги врати АСНОМските вредности и антифашистичкиот темел на Македонија.
Платформа што ќе ја врати правдата и достоинството на народот.