Пишува: Круме Богевски
Апликацијата за учење јазици Дyолинго објави дека има 216% раст на корисници кои учат кинecки (мандаринcки) во споредба со истиов период лани.
За оние кои не се запознаени, администрацијата во САД најави забрана за користење на апликацијата Тикток поради сомненијата дека станува збор за кинески ресурс на пазарот преку кој Кинеската Комунистичка Партија добива податоци за американците!
Како одговор на забраната, корисниците на апликацијата се мигрираат на друга кинеска апликација (со корисничка содржина доминантно на мандарински) која се вика Rеd Nоtе или Мала Црвена Книга (Шјахонгшу). Американците за прв пат имаат директна интеракција со млади кинези кои го споделуваат начинот на живот во Кина и кинескиот животен стандард, па од таму и интересот за изучување на јазикот.
Во 2023 година, студија од Oxford Economics, спроведена во соработка со TиkToк, утврди дека платформата придонела со 24,2 милијарди долари за бруто-домашниот производ на САД, додека поддржувала 224.000 работни места. Студијата исто така покажа дека од вкупно 170 милиони активни корисници во САД, повеќе од 7 милиони биле бизниси.
TиkToк, пак, во својот извештај за економско влијание за 2024 година, сподели дека малите бизниси кои се рекламираат на платформата забележале зголемување на продажбата за 88%, при што вкупните приходи изнесувале 15 милијарди долари. Извештајот исто така наведува дека 52% од малите бизниси се потпираат на апликацијата за да останат конкурентни.