“А народот кој ПОВЕРУВА имаше едно срце и една душа И НИКОЈ НЕ ВЕЛЕШЕ ДЕКА НЕШТО ОД НЕГОВИОТ ИМОТ Е НЕГОВО ТУКУ СЕ’ ИМ БЕШЕ ЗАЕДНИЧКО„ (Евангелије по Лука 4:32)
Празниците се празнуваат само ако е исполнета нивната суштина, можат да слават само оние што суштината нивна ја живеат!
Денес два големи празника во еден ден, но чуму празници ако славениците едвај преживуваат преку цела година!? Празниците во вакви околности се само лажна вредност во суровата реалност, како на работникот така и на верникот.
Работиците обесправени, нивните права погазени, разединети и поробени од шака народ кои средствата за производство ги држат во свои раце, капиталисти! Работниците кои ги создаваат сите добра во заедницата човекова, бдеат во беда на социјалната периферија на истата таа заедница, чуму таков празник!
Верниците, они кои го слават воскресението на нивниот учител, следбеници на денешните црно-мантијаши и црквеници како самодекларирани наследници на ликот и делото Христово. Верниците кои на богослужбите од своите разурнати, влажни и тесни домови доаѓаат во раскошните и позлатени храмови во какви Христос никогаш не беше стапнал. Клеровите ги прелажаа верниците, своите домови ги претворија во сараи и палати во името на Бога а на верниците им го одземаа достоинството како работници и ги оставија и понатаму да страдаат за основните нивни потреби за преживување во секојдневниот живот.
Напишано е: „Не само од леб ќе живее човекот, а и од секој збор што излегува од устата на Бог“. Напишано е исто така: „Не искушувај го Господ, твојот Бог., Бегај од мене сатано, зашто е напишано: На Господ твојот Бог да му се поклонуваш и само него да му служиш“.
Работникот и Верникот имаат исти интереси и непријатели:
– НЕ ЗА ПРИВАТНАТА СОПСТВЕНОСТ!
– ПРОТИВ КЛЕРОВИТЕ и КАПИТАЛИСТИТЕ!
ЗА СОЦИЈАЛИСТИЧКО И ПРАВЕДНО ОПШТЕСТВО!
ДСП „Ленка“
1. Мај 2016