Денес во раните утрински часови Прилепчани излегоа да го покажат својот револт према злосторничкиот конзорциум „Бехтел и ЕНКА“. Со поддршка од граѓани од цела Македонија го блокираа патот Прилеп – Градско. Меѓу присутните на протестот беа пратеникот Саше Јанчев и локалниот огранок на Левица од Прилеп. Протестираа со барање за итно решение поради заканата по здравјето и природата што ја претставува ископот на Бехтел и ЕНКА, кој е на само неколку стотина метри од селото Оревоец. Дополнително, ископот на градежен материјал од таа локација го загрозува македонскиот ендемит Чинговска Окарка или Македонската Сивка, пеперутка која се наоѓа единствено во тој регион и никаде на друго место во светот.
Бараат преговори со надлежните од Јавното претпријатие за државни патишта и од Министерството за транспорт и врски.
Доколку во текот на оваа работна недела не се случат преговори, од граѓанската иницијатива „Спас за Прилеп“ најавуваат секојдневни блокади на регионалниот пат Прилеп- Градско.