Денес, носителот на листата на пратеници од ИЕ4, Сашко Јанчев, како и кандидатката за пратеничка Александра Манасијеска Митрова и членот на Црвена Младина Мартин Илиев, одадоа почит на паднатите борци од НОБ од Гевгелија и гевгелиско.
На денешен ден 26. Април 1943 година, во виорот на Втората Светска Војна, излегле во партизани првите борци од Гевгелија и гевгелиско.
Напредните младинци и интелектуалци на тогашната КПЈ, инволвирани во бројни организациони активности против окупаторот, тргнуваат на Кожуф планина и овде ја формираат првата вооружена воена формација.
На 26 април 1943 година на Кожуф планина се нашле првите доброволци-партизани од градот и околијата, а од Гевгелија биле: Ристо Бајалски, Димитар Григоров Зафиров, Димитар Кирилов Брзилов, Петар Христов Балабуров, Михаил Христов Делев, Василка Танова Дуганова, Јанко Милтијадев Инов (Урдинов), Надежда Васил Христова, Александар Мицев Ќаев, Марика Мицева Ќаева, Деко Андонов Ковачев, Васил Христов Карајанов, Христо Василев Поп-Ристов, Илија Танев Миов и Иван Христов Бајков.
Оваа група од 15 борци пристигнала во три групи, на 26 април, на 30 април и на 3 мај заедно со борци од околните места. На 10 мај на падините на Кожуф планина доаѓа и до официјално формирање на Првиот гевгелиски партизански одред „Сава Михајлов“.
СЛАВА ИМ! Стои во соопштението на Левица – Гевгелија