Синоќа во Скопје Левица го одржа завршниот народен собир за првиот круг Претседателски избори 2024 во другарска и борбена атмосфера. Проф. д-р Билјана Ванковска ги поздрави присутните гости, ги сумираше импресиите од првиот круг и ги постави рамките на понатамошниот курс за во вториот круг – како единствен кандидат против естаблишментот.
На собирот свои говори имаа и кандидатите за пратеници од ИЕ 1 и ИЕ 2: Дарја Мустафаоглу која зборуваше за улогата на младите во борбата против политичката олигархија, Дарко Ристовски – за македонскиот работник и неговиот интерес како водилка за политичката активност и дискурс на Партијата и Катерина Јовановска – за досегашното искуство како градски советник во борбата против широката коалиција.
На крајот, претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев неизмерно им се заблагодари на скопските ограноци за макотрпната работа, но и порача дека потребен е конечен пораз на СДС, а на Мицкоски му порача дека не е потребен мораториум за напади на Левица, туку мораториум за влезот на Бугарите во Уставот! Стои во соопштението на Левица.