Фејзбук статус на портпаролот и носителот на листата на пратеници во ИЕ 2 при политичката партија Левица
Во ЕУ тоталитарно се угнетува секоја форма на поддршка за Палестина. Ниту нивните колонијални апетити ги имаме, ниту вина за холокаустот, а ниту историја на антисемитизам за да одиме по нивниот памет!
Кога сме притиснати до ѕидот политички, економски и културолошки и кога ни го негираат името, јазикот и правото на самоопределување – идните генерации ќе бидат засрамени доколку сега молчиме за неизмерно поголема неправда над уште еден слободарски народ.
Оние со душа можат да го видат тоа, оние бездушните не.
Уште помеѓу нас живеат протераните Егејци и поради нивната меморија не смееме да останеме неми. Левица е единствената партија која е за признавање на палестинската држава.
Слободна Палестина!