По хаваријата на системот за водоснабдување Макарија минатиот мај и немањето на вода за наводнување на овошните и лозовите насади, оваа година праските, кајсиите и другите овошки со намален род.
Министерот Љупчо Николовски е директен виновник за изгубениот род на овошките ланската и оваа година. Иако претходно на седница на влада беше усвоен заклучок за разрешување на неспособниот директор на
Водостопанство Љимани, разрешувањето не се случи и продолжи катастрофалното менаџирање на државното претпријатие кое беше на штета на земјоделците.
Исто така оваа неспособна власт без никаква аграрна политика е виновна за изгубените милиони евра девизен прилив по основ на извоз на овошје на странските пазари, кое за споредба минатата 2023 година е намалено за над 11% во однос на 2022 година, по воведувањето на санкциите и губењето на големиот руски пазар.
Левица минатата година на повеќе пати предупредуваше за лошите состојбите со водоснабдувањето и неодржувањето на системите во добра кондиција што резултираше со штети кај земјоделците.
Затоа, владата во заминување да обезбеди средства и во целост да ги обештети овоштарите. Стои во соопштението на секторот Земјоделие при политичката партија Левица