На 25.03.2024 (понеделник) 18 ч. КОТУР Кафе и Филм ве поканува на хуманитарен настан за собирање донации за помош на погодените од окупацијата на Палестина и геноцидот во Газа
Ова што го сведочиме во Газа не е хуманитарна криза, туку криза на светската хуманост.
Во изминатава речиси половина година, колку што трае последната израелска воена офанзива врз Газа, убиени се повеќе од 30.000 Палестинци, а ранети повеќе од 73.000. Речиси 70% од жртвите се жени и деца, а повеќе од 20.000 деца се сметаат за сираци „без преживеан член на семејството“, што „претставува хуманитарен и морален предизвик, без преседан во историјата на човештвото“ (Doctors Without Borders).
60% од инфраструктурата на Газа е оштетена или уништена, а 85% од населението е внатрешно раселено, без пристап до храна, чиста вода, лекови и медицинска помош и нега.
Дури и кога окупацијата и геноцидот во Газа би завршиле денес, а преживеаните деца би ја добиле сета потребна грижа и помош, тие ќе продолжат да ги носат психолошките лузни до крајот на своите животи, исто како возрасните кои ја носат генерациската траума на своите предци – жртви на децениите етнички чистења и прогони.
Овој настан го организираме во сочувство со страдањата и од восхит кон автентичниот отпорот на палестинскиот народ против децениите угнетувања, узурпации, протерувања и масакри. Програмата ќе вклучува читање поезија од палестински автор(к)и и музички настап на Катерина Димитровска, Илија Трпковски и Ибрахим Ел Аттар. Влезот ќе се напалаќа со донации од мин 100 МКД.
Ве каниме на настанот да донесете:
- Домашно приготвени слатки и суво овошје, како прилог за кафе, чај или друг пијалок, кое ќе го споделите со присутните. За дегустирањето на храната ќе се собираат донации
- Од едно до три парчиња облека кои што би ги изложиле за продажба, а целосната сума од заработката би одела во кутијата за донации.
Сите Собрани средства на настанот, како и % од дневната заработка на КОТУР, ќе бидат уплатени за хумантирните цели на:
- Ghassan Abu Sittah Children’s Fund https://act.upaconnect.org/give/553537/#!/donation/checkout
- Medical Aid for Palestinians (MAP) https://www.map.org.uk/
- Palestine Children’s Relief Fund (PCRF) https://pcrf1.app.neoncrm.com/forms/2024-ramadan-campaign-1