Потпис за подносителите на кандидатура за претседател на државата оставиле вкупно 108.409 граѓани, a до петок ќе бидат отворени канцелариите на ДИК, во кои граѓаните ги оставаат потписите.
На своите симпатизери им се обрати и кандидатка на Левица Билјана Ванковска, која иако одамна ги собра потребните 10.000 потписи, сепак, апелира до граѓаните да појдат и да се потпишат
Знам дека веројатно ви е преку глава од потписите, ги имаме, но знаејќи во каква држава живееме, ќе биде добро да собереме и нешто плус. Канцелариите на ДИК работат секој ден, до 8 март на полноќ, од 8:00 до 20:00 ч. Времето е пролетно, да ја донесеме и политичката пролет заедно, вели Ванковска.