Додека во РЕК-Битола се ангажираат изведувачи за ископ, механизацијата на РЕК воопшто не е пуштена во употреба.
Наместо да се обидуваме да осигураме стабилност во енергетскиот сектор, РЕК-Битола злоупотребува големи суми од парите на граѓаните со ангажирање на приватни фирми за ископ.Во текот на изведбата на проекти за ископ, механизацијата на РЕК е паркирана.
Ова води до губење на ефикасност и отежнување на целиот енергетски систем.
Злоупотреба на парите на граѓаните се врши преку ангажирање на приватни фирми, кои се блиски до Широката Коалиција СДС-ДПМНЕ-ДУИ. РЕК-Битола издвојува високи суми, 260 до 280 евра по час за една машина, со цел изведба на проекти.
Истовремено, механизацијата во вредност од 28 милиони евра стои паркирана и неактивна.Ова несоодветно управување со ресурсите и финансиите го прави РЕК-Битола загубар, додека нашиот енергетски систем страда. Постои сериозен страв дека лошото раководење и злоупотребата на енергетските ресурси би можеле да доведат до брзо затворање на РЕК-Битола, без претходно пронаоѓање на алтернатива за базна енергија која е витална за производство на електрична енергија. Без алтернатива на вработените во електраната. – Стои во реакцијата на Левица – ЛО Битола.