Деновиве треба да заврши постапката за избор на универзален снабдувач на која се пријавени три фирми, меѓу кои и државната ЕСМ Продажба.
Левица доби информации, од извори вклучени во постапката, дека повторно се фаворизира австриската ЕВН да го добие тендерот, под изговор за ненаплатени сметки од досегашното работење. Ваквиот изговор воопшто нема смисла, особено што тендерската документација и јавниот повик за избор на универзален снабдувач се изготвуваат со цел заштита на интересите на граѓаните и малите претпријатија. Оттука и сомнежот дека фаворизирањето на ЕВН е од страна на лукративни лоби групи, дел од енергетската МАФИЈА во Македонија.
Левица во повеќе наврати укажуваше дека единствено правилно и најисплатливо решение за државата и граѓаните е државната ЕСМ Продажба да ја добие улогата на универзален снабдувач. Се обраќаме до одговорните во овој процес да ги надминат личните и бизнис интересите и да бидат во служба на граѓаните.
Потсетуваме дека продажбата на ЕСМ е оној бонбона бизнис на Шеќеринска, кога ЕСМ, заедно со целата дистрибутивна мрежа, беше продадена на ЕВН за 225 милиони евра, од кои им имаме иницијално вратено 22.5 милиони евра – што значи дека за продажбата државата инкасирала само 200 милиони евра.
Дополнително, се работи за компанија која нема редовни финансиски извештаи, додека договорот е и понатаму ТАЕН. Според поранешен министер за финансии, грубо е прекршен договорот за купопродажба, бидејќи ЕВН во првите години требала да инвестира 96 милиони евра, од кои инвестирале само 23.9 милиони евра.
Доколку, од која било причина, државната ЕСМ Продажба биде дисквалификувана од процесот или на аукцијата ѝ биде забрането да лицитира под 5% маржа, ќе стане јасно дека власта повторно одработува за СТРАНСКИТЕ корпорации и нивниот профит. Ако тендерот повторно го добие австриската компанија, Левица од позиција на власт ќе иницира целосна РЕВИЗИЈА на постапката, каде ќе бараме одговорност од инволвираните и прогласување на постапката за ништовна.
Се ближи крајот на прелевање на народни пари во приватни џебови! – Се вели во соопштението на политичката партија Левица.