Продолжуваат засилените напади на Западниот Брег. Израелската војска соопшти дека го убила високиот палестински милитант, Абу Шалал, за кој тврдат дека планирал напади против Израелците во Ерусалим, финансиран и по инструкции од ирански извори.
Од друга страна, палестинската Црвена полумесечина соопшти дека израелските сили ги спречиле медицинските лица да стигнат до локацијата каде биле убиени Палестинци.
Според министерството за здравство на Газа повеќе од 24.000 Палестинци се убиени од почетокот на војната, од кои околу две третини биле жени и деца. Над 60.000 луѓе се повредени, а болниците не функционираат.