На Запад, кога ќе се спомене името на Сталин, првото нешто што паѓа на ум се „милионите егзекуции“ под неговиот „немилосрден режим“. Со децении, фашистичките и капиталистичките агитпропи ја градеа оваа визија за Сталин како чудовиште, користејќи ги најдобрите агитпропи од Втората светска војна и Студената војна за да ја наклеветат улогата на Сталин како државник. Која е вистината зад овие тврдења? Се надевам дека ќе фрлaм малку светлина на ова прашање.
Како што е сега цврсто утврдено, различниот број на егзекуции под администрацијата на Сталин се производ на пропаганда, и затоа се во голема мера претерани. Доказите од руските архиви, отворени од капиталистичкиот реставратор Eлцин, покажуваат дека вкупниот број на егзекуции од 1923 до 1953 година, после Лениновиот Советски Сојуз, под водството на Сталин од 1928 година па натака, изнесува меѓу 775 866 и 786 098. На ова мора да ги додадеме 40.000-те кои можеби биле погубени без судење и неофицијално. Ако ги собереме бројките, имаме вкупно 800 000 егзекуции во период од 36 години, многу помалку од егзекуциите извршени под диктатурата на антикомунистот Сухарто во Индонезија, поддржан од ЦИА, во временски период од 2 години. Ова не значи дека егзекуциите треба да се одобруваат, но покренува важно прашање: ако Советскиот Сојуз однесе помалку животи за време на Сталин отколку Индонезија под Сухарто, зошто Сталин е демонизиран до тој степен додека Сухарто е ретко дискутиран меѓу про-капиталистичките интелектуалци?
Ќе одговориме на ова прашање во некој иден текст за културната хегемонија, a сега да продолжиме со нашето испитување на советските егзекуции. Бидејќи бројката од 800 000 егзекуции ги вклучува осудениците на смрт но, на пример, чии казни биле намалени, ова можеби ја преценува реалната бројка на егзекуции. Всушност, во едно истражување од Винтон, дадени се докази кои покажуваат дека бројката на егзекуции е значително под бројката на обичните затвореници осудени на смрт во СССР, со само 7305 егзекуции од 11 000 затвореници осудени на смрт во 1940 (или околу 60%). Покрај тоа, 681 692 од 780 000 смртни казни биле изречени за време на Големата чистка во годините 1937-1938, кога советската параноја околу странски пресврт го достигнала својот зенит поради фашистичкиот сојуз во 1936 година помеѓу Германија и Јапонија, конкретно насочен против комунистите.
Во почетокот, Народниот комесаријат за внатрешни работи (НКВД), под наредба на Ежов, поставил граница од 186 500 затворски казни и 72 950 егзекуции за специјалната операција од 1937 година за да ја порази заканата од странски и внатрешен пуч. За операцијата се одлучило по откривањето на бонапартистичките заговори против владата, предводени од Тухачевски, чии врски со опортунистичките фракции во Партијата предизвикале целосна паника. Наредбите на НКВД морале да бидат спроведени од тројки, трибунали од тројца луѓе. Како што тројките ги изгласувале пресудите пред дури обвинетите да бидат уапсени, локалните власти барале зголемувања на нивните квоти, а имало официјално барање во 1938 година за удвојување на бројката на транспортирани затвореници коешто во почетокот било побарано за да се исполнат првично зададените квоти на трибуналите.
Сепак, дури ако имало два пати повеќе егзекуции од првобитно планираните, во што се сомневам, бројката сè уште би била помалку од 150 000. Всушност, на многу осуденици нивната смртна казна била одбиена или повлечена од властите пред да се случи апсењето или егзекуцијата, особено бидејќи Сталин и Берија подоцна сфатиле дека биле извршени ексцеси во периодот 1937-38 – Големата чистка), голем број пресуди биле укинати и многу од одговорните локални лидери биле казнети. Советските документи покажуваат дека се случиле само околу 300 000 апсења за антисоветски активности или политички криминал за време на периодот 1937-1938. Со размер од 1 егзекуција на секои 3 апсења, каков што бил првобитно одреден од страна на НКВД, тоа би имплицирало околу 100 000 егзекуции. Бидејќи некои од луѓето осудени на смрт веќе биле во затвор, и бидејќи постојат докази за зголемување од 50 000 во вкупната бројка на смртни случаи во камповите за принуден труд за време на периодот 1937-38, а кои веројатно биле предизвикани од таквите егзекуции, вкупната бројка на егзекутирани од страна на кампањата на тројките веројатно би била околу 150 000. Имало исто така 30 514 смртни казни изречени од страна на воени судови и 4387 од граѓански судови за време на периодот 1937-38, но, дури ако сите овие смртни казни биле спроведени, вкупната бројка останува под 200 000. Една таква ниска бројка изгледа особено веројатна со оглед на фактот дека вкупните смртни стапки од сите причини ширум Советски Сојуз реално биле пониски во 1937-38 отколку во претходните години, можеби како резултат на општата здравствена нега, вакцинацијата и подобрувањето на животниот стандард.
Претпоставувајќи дека останатите 100 000 смртни казни изречени во другите години од Сталиновото владеење (1923-1936 и 1939-53) резултирале со 60 процентна стапка на егзекуции, според примерокот на Винтон, вкупната бројка на егзекутирани од страна на Советскиoт Сојуз би била околу 250 000. Дури со илјадниците егзекутирани помеѓу 1917 и 1921, веројатно е дека бројката на невооружени цивили убиени меѓу 1917-1953 изнесува многу помалку од четвртина милион со оглед на тоа дека илјадници од овие жртви може да биле советски војници, со оглед на тоа дека многу можеби биле вооружени бандити и герилци, и со оглед на тоа дека барем 14 000 од егзекуциите биле странски воени затвореници.
Американски поранешен советник за Советскиот Сојуз, Џорџ Кенан, тврдеше дека бројката на егзекутирани е навистина само десетици илјади, и според тоа, многу е веројатно дека точната бројка на егзекутирани од страна на Советскиот Сојуз во текот на целата негова историја (вклучувајќи ги илјадниците убиени во Авганистан) е прениска за да ја стави земјата дури во топ десет масовни убијци (за разлика од Соединетите Држави, но за нив во некоја друга статија). Без сомневање имало многу невини жртви за време на Сталиновата чистка во 1937-38, но исто така треба да се напомене дека постојат значајни докази од советските архиви за советски граѓани кои правеле предавнички прекршоци како што е насилно соборување на советската влада или странска инвазија против Советскиот Сојуз. Покрај тоа, Советскиот Сојуз се почувствувал толку загрозен од смена на власта и заканувачки воени инвазии од страна на Јапонија и Германија (кои и се случиле во полн капацитет во 1938 год. од страна на Јапонија и во 1941 год. од страна на Германија) што сфатил дека било нужно да преземе национална кампања да ги неутрализира потенцијалните внатрешни непријатели. Покрај тоа, овие надворешни закани биле додатно разгорувани од фактот што руската благородничка класа и царистите (преку милион кои емигрирале после комунистичката револуција во 1917 год.) давале финансиска помош на германските нацисти во 1930-тите години со цел да ги искористат (штом тие успешно ја презеле власта во Германија) да им помогнат да ја соборат советската влада. Фалсификувани документи и дезинформации ширени од Нацистичка Германија да ги оцрни невините и патриотски Совети исто така придонеле за советската параноја. Исто така мора да имаме на ум дека советскиот страв од странски спонзориран пуч во 1930-тите години постоел во контекстот на герилската војна водена против Советскиот Сојуз од некои од истите групи на луѓе кои се бореле со странските освојувачи против Советскиот Сојуз во странската интервенционистичка Граѓанска војна од 1918-22. Иако чистките од периодот 1937-38 биле многу угнетувачки и трагични врз основа на скоро сите индикации, тие можеби помогнале да се спречат фашистите од иницирање успешно востание или државен удар во Советскиот Сојуз. Една таква закана била многу реална, земајќи предвид дека германските нацисти успеале со користење на политички интриги, закани, економски притисоци и понуди на територијални концесии да ги привлечат другите источно-европски држави во нивната орбита, вклучувајќи ги Бугарија, Романија и Унгарија, како и Југославија за краток временски период, со оглед на тоа дека Советскиот Сојуз бил подложен на брутална граѓанска војна во годините 1918-22 којашто ја започнале бунтовници кои имале поддршка од преку милион странски освојувачки трупи од преку десетина капиталистички држави, со оглед на тоа дека имало голем број саботажи извршени од советски граѓани во 1930-тите години и со оглед на тоа дека имало голем број советски дисиденти кои работеле за соборување на советската влада дури ако за тоа било неопходно инвазија од Германија или некоја друга странска сила. Покрај тоа, многу луѓе работеле независно да го саботираат Советскиот Сојуз со надеж дека со тоа тие би придонеле за странски пуч во Советскиот Сојуз, особено откако Нацистичка Германија направила големи обиди да иницира бунтови, да предизвика субверзивни акции и да создаде етнички судири во Источна Европа и Советскиот Сојуз. Наспроти успехот на Советскиот Сојуз со поразот на инвазиите од страна на Јапонија (во 1938) и Германија (1941-44), опасноста предизвикана од нацистичките шпиони и саботери во Источна Европа е илустрирана од фактот што ЦИА ги сметала толку ефикасни што таа ја усвоила буквално целата нацистичка мрежа во својот систем на тероризам во Источна Европа по Втората светска војна.
Докази од советските архиви покажуваат дека службите одговорни за политичката репресија од 1930-тите години искрено сметале дека жртвите биле виновни за одредено злосторство како што е саботажа, шпионажа или предавство, а многу од егзекуциите за време на Големата чистка биле објавени во локалните советски весници во тоа време. Дури во случаи кога имало докази дека не постои директна поврзаност меѓу обвинетите и фашистичките странски сили, често имало силно верување дека осомничените биле странски симпатизери кои своеволно работеле (без формална наредба) да придонесат за соборување на Советскиот Сојуз. Исто така треба да се истакне дека многу од репресијата во периодот 1937-38, често именуван како Големата чистка, била всушност насочена против распространетото бандитство и криминална активност (како што е кражба, шверц, злоупотреба на јавна служба за лична добивка и измами) кои се случувале во Советскиот Сојуз во тоа време. Покрај егзекуциите, имало и многу затвореници и стотици илјади луѓе исклучени од Комунистичката партија за време на Големата чистка поради тоа што биле некомпетентни, корумпирани и/или прекумерни бирократи. Како митовите за милиони егзекутирани, бајките дека Сталин уапсил десетици милиони луѓе и ги фрлил доживотно во затвор или кампови за принуден труд да умрат во периодот 1930-53 се невистинити. Особено, советските архиви ја покажуваат бројката на луѓе во советските затвори, ГУЛАГ и камповите за принуден труд во 1930-тите, 1940-тите и 1950-тите од 2 милиони, од кои 20-40% биле ослободувани секоја година. Овој просек, кој ги вклучува најлошите години на Втората светска војна, е сличен на бројката на затвореници во Соединетите Држави во 1990-тите и само е незначително повисок како процент од населението. Исто така, треба да се истакне дека годишната стапка на морталитет за советското затворско население била околу 4%, што го вклучува ефектот на егзекуциите на затворениците. Не земајќи ги предвид најлошите години на Втората светска војна, стапката на морталитет во советските затвори, ГУЛАГ и камповите за принуден труд била само 2.5%, којашто е под таа на просечните граѓани во Русија под царот во време на мир во 1913 година. Ова откритие не изненадува многу, со оглед на тоа дека околу 1/3 од затворениците дури не биле приморани да работат, и со оглед на тоа дека максималната работна недела била 84 часа во дури најсуровите советски кампови за принуден труд за време на најлошите години на Втората светска војна. Максималната (и невообичаена за тоа време во Советскиот Сојуз) работна недела всушност поволно се споредува со 100 часовните работни недели коишто постоеле дури за „слободните“ 6-годишни деца во време на мир во добата на класичниот капитализам во 19-тиот век и Индустриската револуција (викнете им на либертаријанците!), иако може да изгледа висока во споредба со 7-часовниот работен ден на обичниот советски граѓанин во Сталиново време.
Покрај тоа, треба и да се напомене дека повеќето од апсењата во Сталиново време биле мотивирани од обидот да се искоренат злосторствата како бандитство, кражба, злоупотреба на јавна служба за лична добивка, шверц и измами. Помалку од 10% од апсењата за време на Сталиновото владеење биле поради политички причини или работи на тајната полиција. Советските архиви откриваат дека во Сталиновиот Советски Сојуз биле допуштени доста повеќе разидинувања во политичките размислувања (вклучувајќи распространето критикување на поединечни владини политики и локални лидери) отколку што природно може да се почувствува на Западот. Со оглед на тоа дека цивилната полиција, политичката или тајната полиција, затворските стражари, одредени трупи на националната гарда и пожарникарите (кои биле во истото министерство како полицијата) сочинувале едвај 0.2% од советското население под Сталин, сериозна репресија би била невозможна дури ако Советскиот Сојуз сакал да ја практикува. За споредба, Соединетите Држави денес имаат многу повеќе полиција како процент од населението (околу 1%), да не ги споменуваме затворските стражари, трупите на националната гарда и пожарникарите. Во секој случај, можно е дека комунистичките земји од Источна Европа ќе беа политички помалку угнетувачки и подемократски (особено од време на време), доколку немало отворени и тајни обиди од капиталистичките сили да ги соборат нивните влади, вклучително и субверзијата спроведена во СССР непосредно пред 1980-тите години којашто владата на Соединетите Држави ја призна во 1990-тите години. Овие обиди за насилна субверзија биле во почетокот спроведувани најмногу од Британците (пред Втората светска војна) и потоа повеќе од Соединетите Држави преку ЦИА, којашто успеа насилно да ја собори демократски избраната комунистичка влада во Чиле во 1973 година. Ако комунистите навистина беа злобни и диктатори како што тие се опишувани во капиталистичките мас-медиуми, немаше да се случи мирољубива револуција во 1989 година во Источна Европа (буквално без смртни случаи освен во Романија).
Текстот превземен од: https://www.marxists.org/makedonski/tematska/mitovi-antikomunizam/2013/stalin-egzekucii.htm