Во понеделник повторно протест за случајот Онкологија

Во понеделник, повторно се одржува протест пред Влада, каде граѓаните ќе го изразат својот гнев и револт против криминалната активност која се одвивала во Клиниката за Онкологија, како и во целиот здравствен и политички систем на државата. Главната цел на протестот е барање на социјална правда и одговорност за загубата на човечки животи поради корупција.

Протестот ќе започне пред Влада и ќе продолжи пред Министерството за здравство. Граѓаните бараат одговорност за сите индивидуи кои се поврзани со скандалот во Клиниката за Онкологија, како и откривање на информации поврзани со истрагата околу трагедијата во модуларната болница во Тетово. Ова вклучува и лица од Министерството за здравство, вклучувајќи ги поранешните министри кои можеби биле вклучени во заташкување на случувањата.

Граѓаните силно акцентираат дека измените во Кривичниот законик не смее да ги ослабне пресудите за инволвираните. УЛТИМАТУМот од претходната недела сè уште не е исполнет, вклучувајќи и барањето за детални информации околу текот на истрагата од ОЈО.

Главните барања и УЛТИМАТУМ од овој протест вклучуваат:

  1. Истрага за улогата на поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, и директорот на Клиниката за Онкологија, Нино Васев.
  2. Проширување на истрагата на работата на Детска онкологија.
  3. Целосна ревизија на работата на Клиниката за Онкологија.
  4. Строги судски пресуди за сите одговорни за злосторството и криминалот во Клиниката за Онкологија.
  5. Обелоденување на информации од истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово.
  6. Одговорност од ЈО (Јавно обвинителство) кој одлучи дека нема кривични дела во случајот со малата Јана од Битола.

Протестот е најавен за секој понеделник во 18 часот, а граѓаните настојуваат да продолжат со своите барања и притисок додека не се постигнат потребните реформи и одговорности.

Последно