Вo пензија на 67 год – Германија ги враќа пензионерите на работа

Од 2031 година вработените ќе можат да одат во пензија само на 67 години

Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер изјави дека оние кои ќе се пензионираат на 63 години треба да се вработат на краткорочни работни места, јавува Анадолија.

„Има милиони луѓе кои се отворени за пазарот на трудот, но живеат од социјални бенефиции. Треба да ги охрабриме овие луѓе да влезат на пазарот на труд со барем една мини-работа“, рече Линднер.

Тој смета дека треба да се создадат стимулации за луѓето кои сакаат да работат и по 63 години, наместо да се финансираат пензиите.

Линднер исто така ги отфрли предлозите да работи четири дена во неделата.

„Дискусиите за четири дена во неделата нема да ни помогнат долгорочно да го финансираме нашето социјално ниво и еколошките стандарди“, рече германскиот министер.

Во моментов, старосната граница за пензионирање во Германија е 65 години, но постепено се зголемува на 67 години. Од 2031 година вработените ќе можат да одат во пензија само на 67 години.

За да се пензионирате во земјата, треба да платите најмалку пет години пензиски премии.

Право на пензионирање на 63 години имаат само оние родени пред 1953 година.

Превземено од faktor.mk

Последно