За хуманистичката иднина низ историскиот тоталитет на класната борба

Историјата на секое досегашно општество е историја на класни борби

Оваа сурова борба низ историјата се водеше низ различни форми на привидение. Модерно современа и најпозната е борбата на црнечката раса како подредена во Американското општество. Она што еден од предводниците на страната на црнечката раса Мартин Лутер Кинг ќе го забележи може да го поимаме како такво за сите досегашни судири на класни форми. Имено, Кинг ќе предпостави дека цекот од сегрегацијата на црнечкиот народ на американското опшетство ќе му се врати многу поголем и поскап кој би можел да води дури и до самоуништување на таа политичка заедница. Но, дали цекот се уште не е прескап?! Се чини дека светот веќе ги надмина сите НЕцивилизациски појави но, сепак цекот кој го плаќа е голем и води кон самоуништување!

Сега веќе како да се исцрпија сите задскриени форми на класната поделеност и подреденост; робството, национализмот, верскиот фундаментализам, расизмот важат за историско-цивилизациски срам. Сите, без исклучок, тврдат дека не се тоа и дека се против тоа! (тврдат дека не се расисти, националисти, па дури и владеачите тврдат дека не се владари туку управители!) Па сепак банката за делење праведност на модернава цивилизација изгледа како да веќе е банкротирана, или кај и да е ќе банкротира.

Повеќе нема простор за романтичарско-морални подвици и беседи околу хуманизацијата на човештвото! Хуманизмот ја изгуби својата вредност како љубезна услужност и благонаклонетост и разбирање кон сите, хуманизмот мора да постане воспитание! Светот се помалку се срами, а неговата беда е се поочигледна!

Ние не може повеќе да ги решаваме прашањата заради тоа што имаме закана од надвор, или заради тоа што тоа е дипломатски погодно, или пак по инерција. Класите треба да ги укинеме пред се заради тоа што тоа е цивилизациски срам и поради тоа што тоа се наметнува како морален императив на хуманистичката идниина!!!

Хактан Реџеп Исмаил
ДСП „Ленка’

Последно