Дедемократизација на граѓанственоста (последен дел)

Заклучок

Предистрибутивната дедемократизација напредува на моралната паника создадена од сликата на толпа со вили кои ги ловат без помошните сопственици на имот. Маршаловата теорија на социјална граѓанственост, со сета своја почит кон приципот на еднаквоста, е отрезнувачка инвенција во овој симетрично цикличен класен наратив. Социјалната граѓанственост не беше дело на  хуманитарна донација од страна на пазарот, тој асертираше, попрво, посредуваше по-воено клсен договор и со тоа претставуваше услов за социјален мир понуден од страна на работничката класа точно во моментот кога проширувањето на синдикализмот можеше да претставува многу поголем ризик на бизнисите. Четири децении на неолиберализам го имаат направено не само цинично туку и злонамерно оваа континуирачка наратива на имотот дека треба да се заштити себеси од хроничната закана на граблива демократска мобокрација. Далеку од дефанзивниот став на заштита, неолиберализмот наместо тоа овозможија безобразен булдужер да помине преку претходното примирје сачин на војување толку асиметричен што неможе реалистично да биде наречен класен конфликт или па класна борба. Варен Буфет, четвртиот најбогат човек на Земјата кажа најдобро кога изјави за The New York Times во 2006 „Постои класна борба, но е мојата класа, богатата класа што прави војна, и ние победуваме“

Во САД, добар дел од ова (се мисли на дедемократизацијата – К.Д) е успеано преку наизлгед бескрајната редица на судски пресуди од страна на нео – Лохнарската јуристокрација на уништување на синдикатите која ја споменав погоре.

Но на коцка ставено во класната војна на уништување на синдикатите стои многу повеќе од еднергична стратегија тоа редистрибуцијата на приходот да оди нагоре. Синдикатите претставуваат критични вектори на демократизацијата; отсутни синдикати, и гласовите за учество на луѓето од работничката класа е демонстративно замолчено. Преку уништување на синдикатите, предистрибутивната дедемокртатизација дополнително ги институционализира, внатре во пазарната економија структуралните бедеми да се забрани демократската граѓанственост од тоа да ги користат своите права врс условите на нивната живеачка или влијание врз политичката економија на општеството. Од конституционалниот зашѓтитен ѕид помеѓу политиката и имотот до забранувањето на работничките гласови во „приватните влади“, до законската поддршка на монополот и монопсонијата, до дедемократизирани централни банки и глобални финансиски организација, идејата на „премногу демократија“ е ризибилна.

Историјата, всушност го демонстрира спротивното – одбивањето на бизниските и корпоратските интереси да се толерираат и најмлаките социоекономски реформи што таложено води не само кон плутократска контрола на власта туку и се стреми кон елиминирање на демократијата во целост. Пишувајќи во 1940тите, во момент на неодредена иднина, Карл Поланји ја завршува Големата Трансформација (2001), преку присилувајќи не да се соочиме со „виљушката“ на патот што го претскажуваше глобалниот фашизам во 1930те години. Моментот беше активиран во траењето на Депресијата преку ќор – сокак помеѓу демократијата и глобалниот капитал. На едната страна силите на социјалната демократијата, главно седнати како лабуристички партии во Парламентите, бараа економски реформи, социјална заштита и демократска контрола врз валутата; на другата страна, елитата на глобалниот капитал, работејќи целосно според диктатите на златниот стандард, одбивајќи да предаде и намал дел од „мешањето“ во валутите и националните економии. Фашистичкото решение на ќор – сокакот, Поланји пишува „достигнато од либералниот капитализам може да биде опишано како реформа на пазарната економија успеана по цена на истребување на сите демократски институции“ (с. 245, италик на авторот). Во објаснување на фашистичкиот триумф, Поланји забележува: „Победата на фашизмот беше направена практички неизбежна од либералното попречување на реформите инволвирани планови, регулација или контрола (с. 265 италик на авторот). Соочени со изборот помеѓу авторитарна заштита на капиталот или социјалдемократска реформа, глобалните елити го одбраа второто како еднакво на експропријацијата на имот и се жалеа во опчеуквање на тоа што Hayek го нарекува „патот до крепосништво“.

Поланји го гледаше фашистичкиот триумф како највирулентната појава на капиталистичкиот внатрешен антидемократски вирус. Ехоа на несреќната судбина на Европа во 1930тите се пронаоѓаат во денешната деконструкција на социјалната држава, огромните нивоа на нееднаквост и бргурастечкиот авторитаризам во Америка. Во ехо на познатото Марксовото епиграфско предупредување во Капиталот том. 1 – „De te fabula narrator” („за тебе се говори приказната“) – светот може да си го запише случајот во САД: Соучесништвото на Републиканската партија, договорено со судскиот систем и неофашистички настроена популистичка база што ја декларира половина од популацијата како нелегитимни морални отпадници, јасно кажуве дека не е слободниот пазар или пазарната правда што е под закана од демократијата, туку демокрастката граѓанственост е под закана од современиот момент на антидемократската ДНК на неолиберализмот.

Превземено од: https://www.tandfonline.com/doi/epdf/10.1080/13621025.2022.2091250?needAccess=true&role=button&

Преведено од: Кристијан Димков

Последно