Јазикот на пазарната правда даде заштита на проектот за дедемократизација на граѓанственоста. Политичкото инжињерство зафатено со растурање на социјалната држава во името на приватизацијата беше оправдано со приоритетот што беше даден на обновата на пазарната самодоверба. Приватизацијата, ни беше кажано ќе ги ослободи пазарите од дисторциите на редистрибуцијата и регулацијата, и ќе ја врати економијата на анонимните, неперсонални пазарни сили. Предистрибутивната дедемократизација ја открива лажноста на ова тврдење. Дедемократизацијата и уништувањето на правата прикачени на јавните добра, а не грижа за дефицитот или враќањето кон слободен пазар водеше кон приватизацијата. Кога јавните добра исчезнуваат преку приватизацијата тие се отстрануваат од јавната сфера на демократска одговорност и правата отелотворени во нив се defacto уништени, исцрпувајќи ги граѓаните од нивните права и привилегии. Градечките темели на демократско контрадвижење – социјалните права кои служат како канал во пазарна моќ – и преку тоа сумарно елиминирани, дозволувајќи нагорна дистрибуција на богатство и приход да се случува непречено од тоа што Џ.К Галбраит познато го нарече „противтежна моќ“
Моралната кампања против „незаслужните“ исто така даде заштита на дедемократскиот проект, бидејќи не ги напаѓа луѓето бидејќи ги користат своите права туку бидејќи ги прекршуваат моралните права на пазарната правда и праведната граѓанственост. За да се осигураат, дури и ова беше спроведувано индиректно: „Социјалните измамници“ беа поттикнати да ја прекршуваат моралната правда преку перверзивната структура на погрешно сочувство. Социјалната држава беше причината а не последицата на невработеноста и потребата, со тоа правејќи го најголем императив да се елиминира моралната закана предизвикана од социјалните права. Критично за овој процес беше отстранувањето на „права“ од социјалните услуги па и социјалното осигурување.
Давајќи ја лажта на моралниот фурнир во нападот на социјалната граѓанственост, еден од првите удари врз институционалниот бедем (на социјалната граѓанственост К.Д) претставуваше пресуда на Уставниот Суд во 1960 декларирајќи дека Социјалното Осигурување не е конституивно заштитено како право. Ослабен социјален сектор соголен од своите права олеснува ослабена граѓанственост (Somers 2017).
Конечно, нападот на социјалната граѓанственост како прекршување на пазарната правда ја положи основата за денешното именување на цели делови на (црната) популација како велепредавнички приматели на права кои се закануваат на општесвтото. Во САД, белата надмоќ и 400 години на расна ексклузија лесно ги транформираше вчерашните социјалните кралици – веќе ограбени од нивната морална вредност и нивното право да се сметаат за вистински патриоти – во денешните обвинети гласачки изманици и ја оправдува алармната брзина си која демократските права на заедниците со боја на кожата (не само Црната, туку и Латино, Азијска и Нативно Американската) се демонтираат. Популистички авторитаризам се судира со реакционерска државна легислатура на готовс да користат насилство да се наруши, делегитимра, и криминализира сите институции и процедури кои ја олеснуваат демократската граѓанственост на тие што ги сметаат како морални одметници и непатриоти.
Превземено од: https://www.tandfonline.com/doi/epdf/10.1080/13621025.2022.2091250?needAccess=true&role=button&
Преведено од: Кристијан Димков