Дедемократизација на граѓанственоста (четврт дел)

Пазарната правда, со своите корења (и зависност од) пазарниот натурализам, е скелето на капиталистичката владеачка морална економија. Може да биде анализирана во во три најзначајни диктати:

Оригиналната оправданост за социјалната екслкузија и неаднаквоста

Ако пазарните изходи во плати, надоместоци, или невработеност се продукт на природните закони, не наклонети политички принуди, тогаш страдањето на гладните е морално неприкосновено. Декади подоцна, овие Малтузијански мандати го најдоа својот одек во неокласичните економски главни принципи на маргинална теорија на продуктивноста (италик на авторот), која тврди дека бидејќи е себе – еквилибриумски натуралистички систем, дистрибутивните исходи на пазарот, точно ја рефлектираат праведноста на пазарната правда. Како што декларираше Џон Батес Кларк (2001 [1889]) „… дистрибуцијата на приходите во опшштеството се контролирани од страна на природните закони, и овие закони, ако работат без фрикција, би дале на секој агент на продукција, количевството на богатство што тој агент го создава“.

Редистрибуцијата како кражба

Од првиот диктат дека пазарните исходи се морално праведни бидејќи се втемелени во природните процеси, второто ги осудува обидите да се ублажат потребите преку редистрибутивното сосијално обезбедување. Политичкото „мешање“ ја дисруптира органската автономија на пазарните сили, и со тоа се заканува на економската ефикасност и раст. Поважно од тоа, со себе повлекува морална повреда на праведната дистрибуција на награди што се создадени од природните закони. Пазарната правда ја прави редистрибуцијата ништо помалку од кражба. Марфи и Нигелl (2002) го нарекуваат ова „секојдневен либертаринизам“ – вообразеноста дека бидејќи приходот пред оданочување е „претпоставено праведен“ (рефлектира фер заработка), е во „сопственост“ на заработувачите и „отстапување од таа основа“ во форма на даноци, повлекува владена кражба (Murphy and Nagel 2002, p 15).

Но кога ќе се факторираат и корисниците, криминалот на редистрибуцијата станува уште полош кон пазарната правда – и кон добрата граѓанственост – бидејќи ја повлекува државата преку нелегитимно оданочување на „заработувачите“ и да дава на „земачите“ и го субјектира имотот на предорни екцеси на незаработени права. И додека е емпириски докажано дека во изминативе четири децении, даночните политики на големо редистрибутираат од тие што немаат нагоре (Италик на авторот) кон тие што заработуваат најмногу (Saez and Zucman 2019), јазикот на редистрибуцијата е асоциран – и стигматизиран – ексклузивно со трансферот на приход од „вредните работници“ до „незаслужните“ сиромашни. Нарекувајќи ги  социјалните корисници како морални одметници ја создава сцената на корисниците на социјалните права да се  сметаат за неспособни за привилегиите на целосната граѓанственост (Hancock 2004; Somers 2017 Somers and Block 2005).

Демократијата како морална и смртоносна закана

Третиот диктат на пазарната правда неиздрживо следи: Да се превенира редистрибутивната кражба, пазарната правда демонизира и иницијално криминализира популарен суверенитет како морална и смртоносна закана на пазарната правда. Се свртува на опасноста на пазарната правда и имотните права кои ги наметнува „политизацијата“ на економијата од страна на права – побарувања на граѓаните. Во лицето на популарните потреби за повисока дистрибуциона еднаквост и социјална заштита, политичката економија ја декларираше демократијата како егзистенцијална закана против природното право на сопственост. Каде што политичките либерали од XVII и XVIII век се фокусираа на заштитата на имотот од Круната, политичките економисти и економските либерали од XVIV век беа префокусирани на заштитата на имотот и слободниот пазар од Луѓето.

Законски спроведената  „омраза на демократијата“ од страна на капитализмот (Rancière 2014 [2005]) се докажа неодржлива со тек на време. Компромисот беше пазарно усогласена демократија (италик на авторот), во која актуелизацијата на популарните преференци – дали преку легислативна или колективна акција – се сметаа за легитимни се додека нивната цел е беше рестриктирана до јавната сфера и забрането да ги прекинува праведните и ефикасни пазарни процеси. Иако не искористена како оружје повеќе децении, оваа позиција придоби моќни нови застапници во 1920тите години во von Mise и вон Хајек со инјункцијата да се игнорираат склоностите на гласачите кога се во конфликт со потребите на пазарните процеси. И покрај Студената Војна дури и раните неолибералните бромиди ги славеа „капиталистичките демократии“, диктатот дека лимитирани демократски залагања на пазарно – сообразни рестрикции се појавија помеѓу елитите кога алармирее во 1970тите дека 1960тите имаа премногу демократија и не доволно капитализам.

Превземено од: https://www.tandfonline.com/doi/epdf/10.1080/13621025.2022.2091250?needAccess=true&role=button&

Преведено од: Кристијан Димков

Последно