Кина не само што е една од најбрзо растечките економии во светот, туку и глобален лидер во зелените технологии и заштитата на животната средина. Со сериозни инвестиции во обновливи извори на енергија, пошумување и енергетски ефикасни иновации, Кина активно ја трансформира својата економија кон одржливост, нудејќи решенија кои влијаат и на глобалното опкружување.
Еден од најголемите придонеси на Кина во борбата против климатските промени е драстичното намалување на цената на соларните панели. Поради масовното производство за домашни потреби, Кина успеа да ги направи соларните технологии достапни и за земјите од глобалниот југ. Со намалување на трошокот на соларната енергија практично се случи демократизација на зелената енергија.
Со тоа што Кина ги произведува над 80% од глобалните соларни панели, трошоците за истите се намалени за повеќе од 90% во последните две децении.
Користејќи субвенции и државна поддршка, кинеските компании како LONGi, JinkoSolar и Trina Solar го направија соларниот панел најдостапната зелена технологија во светот. Ова не само што ја забрзува транзицијата кон чиста енергија во Кина, туку и им овозможува на земјите во развој да ја намалат зависноста од јаглен и нафта.
Понатаму, Кина е одговорна за најамбициозната програма за пошумување во светот, позната како „Зелениот Ѕид“ (Green Great Wall), чија цел е да се справи со опустинувањето и да се подобри квалитетот на воздухот. Проектот вклучува засадување на над 100 милијарди дрвја покрај пустината Гоби, создавајќи „зелен појас“ кој ја спречува ерозијата на почвата. Оваа иницијатива може да служи како одличен пример за други земји кои се соочуваат со опустинување, како што се земјите во регионот Сахел во Африка, Блискиот Исток како и Македонија.
Но, Кина не ги развива само „зелените“ инфраструктури, туку работи и на енергетски ефикасни технологии. Пример за тоа е DeepSeek, алат за вештачка интелигенција кој користи значително помалку енергија од конвенционалните AI системи. Користејќи напредни алгоритми и оптимизиран хардвер, DeepSeek ја намалува потребата од огромни дата-центри. Во споредба со западните AI модели (како ChatGPT), DeepSeek троши до 50% помалку енергија при изведба на задачи.
Морам тука да го спомнам и еден од најновите и најсмелите кинески проекти. Станува збор за планираната вселенска соларна централа, која ќе собира сончева енергија директно од орбитата и ќе ја пренесува на Земјата преку микробранови.
Зошто е ова иднината на енергијата? Вселенските соларни панели работат 24/7, без да се попречени од ноќ или облаци. Оваа технологија ќе обезбеди постојан извор на енергија без испуштање на стакленички гасови, заменувајќи ги фосилните горива. Со тоа што Кина е во фаза на тестирање помали сателити за SBSP, а целта е до 2035 година да има функционален систем.
Удделот што ги има Кина во глобалната зелена транзиција е клучен.
Овие проекти не се важни само за домашните потреби на Кина тие всушност ги менуваат глобалните стандарди. Поради големината на кинескиот пазар и нејзиното технолошко водство, овие иновации стануваат достапни и за остатокот од светот.
– Соларните панели сега се евтини за сите.
– Зелениот Ѕид покажува како може да се врати природата.
– DeepSeek докажува дека AI може да биде енергетски ефикасен.
– Вселенската соларна енергија може да биде конечното решение за чиста енергија.
Кина преку борбата за подобро утре во сопствените граници го менува и светот. Додека некои земји само зборуваат за климатски промени и паушално се залагаат за поздрава животна средина, Кина дејствува на тој начин што ги прави ги зелените технологии реалност за сите.
Автор: Андреј Куцуловски