Д-р Хаз Ал-Дин е основач на Американската комунистичка партија (ACP), кој воедно и служи како извршен претседател на Пленарниот комитет на Партијата, и како таков Хаз е еден од јавно најистакнатите членови на ACP.
Подолу, ви пренесуваме негов текст кој се осврнува на комунизмот и христијанството како комплементарни идеи.
Првата проповед на Христос (мир и благослов нека е со него) го најавила обновувањето на Јубилејната година, што била годишна традиција во Јудеја при која се укинувал целиот долг — заборавена после векови грчка и римска окупација.
Следбениците на Хрисос се побуниле против елитната римска класа на кредитори и земјопоседници, а кога пораката на Христос била универзализирана, таа станала претставник на сите потиснати должници на Римската Империја кои барале ослободување од долгот. Токму затоа, пропагаторите на ваквата традиција биле насилно и екстремно брутално прогонувани од римските власти.
Првите христијани воспоставиле комунистички општества. Ова е јасно напишано во Дела на апостолите 4:32:
„Сите што поверуваа беа толку сплотени и еднодушни, што никој од нив не зборуваше за својот имот како негова лична сопственост, туку сѐ им беше заедничко.“
Дела на апостолите 2:44-45:
„Сите христијани се здружија и сѐ што имаа им беше заедничко. 45Ги продаваа своите имоти и наследства и на секого му даваа според неговите потреби.“
Дури подоцна, економските и отворено комунистичките цели на христијаните биле избришани од религијата, и заменети со „чисто духовни“ цели.
Но, оваа идеја за „чисто духовното,“ одвоена од реалноста, била преземена од стоиците и другите грчко-римски форми на филозофски паганизам.
Прочитајте ги пасусите од Библијата кои осудуваат прекумерна фиксација на материјалното и ќе видете дека тие всушност се однесуваат на себичното индивидуално богатство и алчност. Световното лесно може да се интерпретира, за разлика на стоичкиот и паганскиот поглед, како референца за повисоките, понеопипливите и возвишени реалности на колективното постоење.
Матеј 6:33:
„Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и се ова ќе ви се придаде..“
Царството Божјо не е ништо друго освен комунистичко општество, каде што посветеноста на повисоките реалности на обврската кон соседите и заедницата е тоа што создава богатство, наместо индивидуалната завист или алчност.
Или пак, можеби модерните фарисеи сугерираат дека Бог ветува дека исполнувањето на потребите ќе падне од небото? Значењето јасно имплицира кооперативно постоење базирано на доверба и меѓусебна обврска.
Како го знаеме ова? Бидејќи истото поглавје започнува со заповедта кон верните да им помагаат на тие што им е потребно, несебично и без очекување за тоа да бидат наградени, како и да ги простуваат туѓите престапки за да им бидат простени и сопствените.
А современата наука јасно утврди дека „престапот“ всушност се однесува на ДОЛГОТ.
Ова е она што го утврдува контекстот на стиховите 25-33, кои јасно кажуваат дека не треба да се грижите за „световната“ потреба: Бидејќи, се додека верните се грижат едни за други несебично, нема потреба од грижа за ништо. Имено, Бог да се грижи за вашите проблеми не е тоа што ќе го направи магично од воздухот, туку, тој го прави тоа преку дејствата на ЗАЕДНИЦАТА НА ВЕРНИЦИТЕ.
Библијата ни кажува дека Бог е присутен каде и да е создадена заедница на верните.
Хрисос (мир и благослов нека е со него) не зборувал за етеричниот свет на грчко-римската традиција: Туку за конкретна и материјално реална заедница!
Да го насочиме вниманието и кон познатиот пасус – од Матеј 22 – каде што Христос ги заповеда верните да „му го дадат на Цезар цезаровото.“
Многумина забораваат дека контекстот бил обид да го намамат Хрисос (мир и благослов нека е со него) да каже нешто што ќе го доведе до смрт од римските власти. Се зборува за Хрисос како ги осудува лицемеријата на фарисеите кои го прашале за плаќање на данокот на Цезар — какво било тоа лицемерие?
Тоа дека тие ги користеле истите монети ковани од римската држава!
Пораката лесно може да се протолкува како многу порадикална од одбивањето на данокот: Како порака за повторно стекнување на суверенитет. Познато е дека една од фундаменталните карактеристики на древната (и модерната) држава е монопол на ковање на монетите — монопол кој Јудеја веќе го изгубила.
Како пораката на Хрисост (мир и благослов нека е со него) станала толку изопачена за да служи спротивно од своето оригинално значење?