Движење за социјална правда

MUJERES LIBRES: Женското анархистичко движење во текот на Шпанската граѓанска војна

Mujeres Libres (слободни жени) била група на жени, анархистки кои во текот на Шпанската граѓанска војна се организирале и се бореле како за женското ослободување така и за анархистичка револуција. Она што го постигнаа беше навистина инспиративно. Од нивниот пример се гледа како може борбата против потчинетоста на жените и борбата против капитализмот да се спои во една борба за слобода.

Како анархистки, тие одбиваа да заземат позиција на втор ред внатре во слободарското движење. Во триесетите години од XX век феминизмот имал потесно значење отколку денес, а тие го отфрлале како теорија која се бори за: „рамноправност на жените во веќе постоечкиот систем на привилегии.“ Тие наведуваат:

Ние ни сега не сме, ниту тогаш сме биле феминистки. Не се боревме против мажите. Не сакавме машката хиерархија да ја замениме со женска. Да би постигнале социјална револуција неопходно е да се бориме и да работиме заедно. Но ни беше потребна наша сопствена организација да се бориме за себе.

f5a0d43b0da01627caa24c0e36be5489

И велат:

Свесни сме за поранешните случаи кои ги покренуваа феминистичките организации или политичките партии…Ние не можеме да следиме ниту една од овие две стази. Не можеме да го одвоиме проблемот на жената од општествениот проблем, ниту можеме да го негираме значењето на првиот проблем, преобратувајќи ги жените во прост инструмент за било која организација, па дури ниту за нашата сопствена, слободарска организација. Намерата која подлегна под нашите активности беше многу поширока: да се служи на доктрина, а не на партија, зацврстувајќи ги жените и создавајќи од нив индивидуи способни да придонесуваат во структуирање на идното општество, индивидуи кои научиле да бидат самоодредени, а не слепо да следат диктати на некоја организација.

Mujeres Libres имаа двојна стратегија: подготовка и вклучување или партиципација. Нивната претходна работа беше комбинација помеѓу подигнување на свеста и директна акција.

Како би постигнале заемна поддршка, создадоа мрежа која беше составена од жени, анархистки. Организираа заеднички состаноци, ги проверуваа извештаите за сексистичко однесување и наоѓаа начини за соочување со него. Создадоа центри за грижа на деца како би вклучиле поголем број на жени во синдикалните активности.

Издавале весник кој се дистрибуирал и промовирал преку постоечките анархистички мрежи. Во весникот пишуваа извештаи за она за што навистина се ангажираа. Беше многу важно да се работи на кревањето на свест. Во секој број се наоѓала статија за исклучителни жени, а исто така пишувале колумни и за други анархистички весници. Во нивниот весник можеле да се пронајдат и статии и теми за култура, филмови, образование и спорт. А имаше и статии кои можеле да се најдат во било кој женски весник, за цените на гасот, негата на децата и модата. Потоа книгите и памфлетите би го дополнувале весникот.

Пропагандата се пренесувала и преку радио емисии, патувачки библиотеки и пропагандни турнеи. Една членка, Пепита, го опиша своето искуство со пропагандните патувања:

Ќе ги повикавме жените да се соберат и ќе им објаснувавме дека за жената постои јасно дефинирана улога, дека жените не би требало да ја изгубат независноста, дека жените во исто време можат да бидат и мајки и другарки…Младите жени ни приоѓаа и ни викаа: -Ова е навистина интересно. Никогаш порано не сме чуле вакво нешто, тоа е нешто што сме го чувствувале, а не сме го знаеле…. Што ги допираше најмногу? Приказната за начините на кој мажите вежбаат моќ над жените…. Настануваше метеж кога би им кажале: -Не смееме да дозволиме мажите да мислат дека се супериорни над жените, дека имаат право да владеат со нив. Мислам дека Шпанките со желба го чекаа тој повик.

mujeres_libres_wall_clock-r68f155b4ea134db5a922b0204762bf42_fup1y_8byvr_512

Во Шпанија многу од работничките и селанките беа неписмени. Како одговор на тоа Mujeres Libres смислиле програма за описменување, часови по технички вештини и општествени науки. Во Барселона 600-800 жени секојдневно ги посетувале овие часови во декември 1938 година. Во соработика со анархистичките синдикати организираа програма за пракса и вештини.
Секојдневната работа неопходна за одбрана на револуцијата од фашистичките напади одеше рака под рака со пропагандата. Извршувале снабдување со храна за милицијата и одржуваа заеднички кујни. Организирале поддршка за жените припаднички на милицијата со поставување на стрелиште и со одржување часови за пукање. Отвориле училиште за болничарки и медицинска клиника за итни случаи како би пружале помош на тие повредени во борбата.

Тересина и покрај неискуството на тоа поле, е поставена за управителка на клиниката:

Многу пати во клиниката ми приоѓаа татковци со некакви барања, а јас им велев: -Ве молам, овде сме сите еднакви. A тие би ми одговориле: – Овде навистина спроведовте револуција. Тоа ми создаваше големо задоволство, бидејќи управува со сите тие работи без никакво образование… Го спроведов во пракса она во кое што верував… И ете, тоа е тоа што го направив за револуцијата. Што се однесува на другите работи, го работев тоа што го работеа останатите. Но ова беше тоа што лично го направив.

Сепак, револуцијата е нешто повеќе од победа над фашизмот. Требаше да се изгради ново општество кое би се грижело за потребите на сите. Членките на Mujeres Libres патувајќи по Каталонија и Арагон помогнаа во создавање на руралните колективи. Многу жени заедно со представниците на анархистичкиот синдикат (CNT) и анархистичката федерација (FAI) преку импровизиран разглас ги повикуваа селаните да „преминат на нашата страна.“

Во Барселона водеа болница за породување и пост-породилна грижа за жените, како и инструкции за нега на мајки и деца, часови за контрола на раѓање и сексуалност. Во февруари 1938 година, во Барселона е основан институт за нега на мајките и децата кој е крстен по француската анархистка Louise Michel.

louise-michelle3

Louise Michel – француска анархистка

Mujeres Libres биле жив пример на многу важни аспекти од анархистичката теорија. Пред сè, тие сфаќале дека колективот е силен колку што се силни и индивидуите што го сочинувале. Ги охрабрувале и поддржувале жените да го отстварат својот полн потенцијал како би изградиле силно анархистичко движење. Многу од членките на Mujeres Libres имале 13 или 14 години кога почнала револуцијата. Па сепак, како Тересина, откриле дека се способни да се обврзат на задача за изградба на новиот свет.

Потоа, Mujeres Libres ја сфатиле важноста на директната акција и самоактивноста во создавањето на револуционер(к)и и создавањето на револуција. Не правеле вештачка дистинкција помеѓу пропаганда и организирање, помеѓу идеја и акција. Нивните идеи настануваа од нивното искуство.

Конечно Mujeres Libres покажале дека идеите никогаш не се непроменливи и дека не чекаат да дојде вистинското време да би биле применливи. Нивните идеи растеле и се развивале, се менувале и станувале повлијателни.

Револуцијата е валкана работа. За општеството фундаментално да се промени, долготрајните сфаќања за она што е нормално и природно мора да бидат доведени во прашање. Новите револуционер(к)и и новото општество ќе потекнуваат од дискусиите и дебатите од различни места – домови, супермаркети, пивници – и од различните луѓе.
За Mujeres Libres револуцијата не е само еден настан кој може да се случи преку ноќ. Тоа е процес кој постојано се менува, како судирите се помируваат, а се јавуваат нови спорови. Тие покажале дека револуцијата не е суво академско настојување, туку е како животот, никогаш едноставна и јасна, динамична.

 

 

0
img

Цитати
  • Ако не го направиме невозможното, ќе се соочиме со непомисливото. Мари Букчин
    Екологија на слобода
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!