Симе Франгов, син на поранешниот гевгелиски градоначалник Иван Франгов е возачот кој смртно прегази пешак во Нов Дојран. МВР и Обвинителството не споделуваат што покажале крвните анализи кои се прават за да се утврди дали кај лицето имало присуство на алкохол или дрога.

Против Франгов, се води истрага за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, дело за кое е предвидена затворска казна. Гевгелискиот обвинител, не барал притвор, како што е пракса во најголем дел од ваквите случаи кога има смртни последици.

На оваа сомнителна одлука од страна на гевгелиското ЈО голем број на граѓани на социјалните мрежи изјавија огромни незадоволства.

„ЗОШТО синот на поранешниот градоначалник на Гевгелија од ДПМНЕ, Франгов, НЕ Е во притвор?! Истиот од слобода може да го повтори делото, да влијае на сведоци и истрагата или да побегне од државата!“ Напиша на фејзбук членот на ЦК на Левица од Гевгелија, Никола Петров

Симе Франгов, син на поранешниот КРАДОНАЧАЛНИК на Гевгелија, Иван Франгов, нема да одговора за чичко Дане, како и сите други ,,битни” фаци и мафиози кои ја доведоа Македониичката ни, до дно каде што сме сега.
Само вие штитете ги штетниците, ама ќе одговарате пред друг СУД!
ТЕРМИТИ ЕДНИ!!!
– Напиша Јоана Манојловска, модератор на ЛО Дојран на политичката партија Левица