Инфлацијата во Соединетите држави се забрзала во март поради растот на цените на бензините, покажа извештајот на Министерството за труд објавен во средата. Годишната стапка на инфлација изнесуваше 3,5 отсто, со пораст од 0,3 процентни поени во споредба со февруари.
Без цените на храната и енергијата, базичната инфлација остана стабилна на 3,8 отсто. Бензините поскапеле за 1,3 отсто на годишно ниво, додека цените на струјата се зголемени за 5 отсто. Растот на цените на превозот беше забележителен, пораст од речиси 11 отсто во споредба со истото време минатата година.
На месечно ниво, потрошувачките цени се зголемени за 0,4 отсто, а стапката на основната инфлација остана иста со пораст од 0,4 отсто.