Ужасните услови за работа и ниските плати се’ уште се главна причина за иселување на работниците од државата. Овој тренд веќе со децении не запира, а Словенија е честа дестинација за работниците од Македонија.

На 6,943 македонски граѓани им биле издадени или продолжени дозволите за престој и работа во 2023 во Словенија, посочија од тамошното Министерство за внатрешни работи за порталот Работник. Од 1 јануари до 31 мај оваа година пак, нови работни дозволи или продолжување на истите добиле 2,585 граѓани.

Словенија е една од земјите која македонските граѓани често ја избираат за работа, постојана и сезонска, но сепак примарни дестинации остануваат Германија, во најголем дел за постојана работа, а Хрватска и Италија за сезонска.

Освен за работниците, Словенија е најпримамлива за македонските студенти кои во се поголем број се запишуваат на студии таму.