Дефиниција на мицковизам е да зборуваш многу, а да не кажеш ништо.
Да бидеш божем математички прецизен/прецизна, ама да не кажеш ШТО НАВИСТИНА ќе правиш.
Да се китиш со туѓи перја и тези а да не знаеш што всушност зборуваш.
Мицковизам е и кога спојуваш две работи кои се неспоиви, како на пример: НАТО и владеење на правото! ЕУ со Урсула и борба против корупција. Да си за ЕУ иако таа врши геноцид врз твојот народ.
Мицковизам е и божем да се бориш за Македонија, ама да предеш како маче пред “сестринската партија” и Урсула.
Пример за мицковизам: Проблемот со Бугарите ќе го решам со држење предавања пред нашите пратеници за тоа што значат Копенхашки критериуми.
Судот на правдата на ЕУ ќе му пресуди на францускиот предлог, ама не знам дека Македонија нема право да поднесе тужба бидејќи не е земја членка.
Можам да редам куп примери кои покажуваат дека мицковизмот нема знаење, волја ниту храброст да смени нешто. Мицковизмот е борба за власт а не за Македонија.
Затоа ве молам поштедете ме од вашите лажни дилеми и крокодилски солзи: леле, за кого да гласам, двете сте царици! Гласај за кого сакаш ама не ми го навредувај ни умот ни делото. Не можеш да бидеш истовремено и за вода и за оган.
Да си царица со 320.000 евра во досегашна кампања не е ни тешко. Јас сум пролетер и со пролетерите, а не со хидромицко.
Многу потешко е да ЗНАЕШ што ќе преземеш и да не ти е страв да го кажеш и сториш тоа.
Ние сме две различни планети. Два различни и спротивставени погледи на светот и на Македонија. Две различни политики.
-Фејсбук статус на кандидатката за претседател Билјана Ванковска поддржана од Левица.