Според германската федерална канцеларија за статистика Дестатис, секој петти Германец, или 21,2 отсто од населението, бил во ризик од сиромаштија или социјална исклученост минатата година.
Тоа претставува закана за 17,7 милиони Германци. Приближно 14,3 отсто од населението било во ризик од сиромаштија, додека 6,9 отсто биле погодени од значителна материјална и социјална депривација.
Од тие, 5,7 милиони луѓе не можеле да ги платат сметките за кирија, хипотека или комунални услуги, да си дозволат одмор, да заменат истрошениот мебел, или да излегуваат со пријателите или семејството еднаш месечно.
Институтот за статистика Дестатис отбележува дека 7,2 милиони жители на Германија добиваат минимална социјална помош, преимно во регионот Северна Рајна-Вестфалија. Бројките за сиромаштијата остануваат непроменети од 2022 година.